Информација за ММО 2020

Почитувани,

Ве известуваме дека Македонската математичка олимпијада (ММО) 2020 ќе се одржи на 29.08.2020 година, сабота, со почеток во 10 часот.

Учесниците на натпреварот ќе ги објавиме во текот на следните денови.

Натпреварот ќе се одржи во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со физичко присуство на учениците и со почитување на протоколот за работа на ПМФ при физичко присуство.

Претседател на комисијата за Македонска математичка олимпијада и за меѓународни натпревари за средно образование

Д-р Мирко Петрушевски