СММ ќе учествува на првиот CMC натпревар

Почитувани,

со задоволство ја прифативме поканата за учество на првиот Cyberspace Mathematical Competition (CMC). Натпреварот ќе се одржи на 13 и 14 јули, а сите активности околу неговата реализација ќе се реализираат во периодот 10-21.07.2020 година.

За сите наши активности поврзани со овој настан ќе ве известиме во иднина, а подетално за натпреварот овде.…

Прочитај повеќе

Mакедонската екипа на EGMO 2020

Почитувани,

Со неизмерна среќа и радост, ја споделуваме со вас веста за огромниот успех кој нашата екипа го постигна на EGMO 2020. Македонската екипа го постигна најдобриот резултат од сите досегашни учества на овој натпревар.

Медали освоија:

  • Јасна Илиева-сребрен медал
  • Анастасија Тортевска-бронзен медал
  • Христина Митреска-бронзен медал

Одличен резултат постигна и ученичката Кристина Тасева, која за малку не освои пофалница.…

Прочитај повеќе

Информации за регионалниот натпревар за основно образование

Имајќи ја предвид новонастаната состојба, поврзана со прекинот на наставата во основните училишта, СММ донесе одлука за одложување на регионалниот натпревар по математика за учениците од основното образование кој беше закажан за 11 април 2020 година.

За понатамошни информации следете ја веб страната на СММ.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Победници на ПИ-ДЕН

Почитувани ученици, наставници, родители и љубители на математиката,

Ни претставува посебна чест да ги споделиме со вас резултатите од првиот државен електронски натпревар ПИ-ДЕН кој се одржа на 14 и 15 март 2020 во различно време за различни категории. СММ на сите учесници им го честита првото заедничко прославување на Меѓународниот ден на математиката.…

Прочитај повеќе

ПИ-ДЕН заврши!

Драги ученици, родители, наставници и љубители на математиката!

Сакаме заедно да ви изразиме огромна благодарност за вашата несебична поддршка и огромниот ентузијазам кои го осветлија овој огромен празник за човештвото!

Првиот државен електронски натпревар заврши! Ви честитаме!

Нека ни е среќен Меѓународниот ден на математиката!

Останува да ги средиме податоците, малку и емоциите и следниве денови очекувајте резултати.…

Прочитај повеќе

Подетално за електронскиот натпревар ПИ-ДЕН!

Почитувани натпреварувачи,

Во пресрет на првото чествување на Меѓународниот ден на математиката дозволете ни да ве запознаеме малку подетално со концепцијата на натпреварот.

Секој пријавен натпреварувач во соодветното време ќе добие пристап до задачите кои ги предвидовме за овој натпревар. Низ тимска работа, преку анализа на наставните содржини и актуелната состојба со математиката кај нас, избравме модел на натпревар во кој понудивме три групи задачи со различна тежина кои носат 1, 2 и 3 поени, соодветно.…

Прочитај повеќе

Заврши пријавувањето за ПИ-ДЕН!

Почитувани, пријавувањето за електронскиот натпревар ПИ-ДЕН заврши.

Ги замолуваме сите пријавени кои до петок 13.03.2020 година до 18 часот, не добиле електронска пошта со веб страните на кои ќе бидат поставени задачите, да го контактираат СММ на адресите sojuz.na.matematicari@gmail.com или smmpiden@gmail.com.

Ваш СММ!

Прочитај повеќе

ПИ-ДЕН информации!

Почитувани,

Поради огромниот интерес за учество на електронскиот натпревар ПИ-ДЕН, го продолжуваме рокот за пријавување до 12.03.2020 година четврток до 23 часот и 59 минути.

Пријавата за натпреварот задолжително треба да ја направите на следниот линк.

Повеќе информации за електронскиот натпревар ПИ-ДЕН може да најдете на страницата на натпреварот: https://smm.org.mk/natprevari/pi-den/.…

Прочитај повеќе

Информации за државниот натпревар за средно образование

Имајќи ја предвид новонастаната состојба, поврзана со прекинот на наставата во средните училишта, СММ донесе одлука за одложување на државниот натпревар по математика за учениците од средното образование кој беше закажан за 14 март 2020 година.

За понатамошни информации следете ја веб страната на СММ.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Задачи и резултати од општинскиот натпревар за учениците од основното образование

Почитувани, на 29.02.2020 година се одржа општинскиот натпревар по математика за учениците од основното образование. Во прилог се задачите од натпреварот.

Резултатите по региони се следниве:

Берово, Делчево Битола, Ресен Гостивар
Гевгелија, Дојран, Богданци Дебар, Маврово-Ростуше и Центар ЖупаКавадарци, Неготино
Кичево Кочани, Виница Крива Паланка, Кратово
Куманово Прилеп, Крушево Охрид
Струга Струмица, Радовиш, Валандово Карпош, Ѓорче Петров, Сарај
Гази Баба Чаир, Шуто Оризари, БутелКисела Вода
Центар Тетово Велес, Свети Николе
Штип, Пробиштип Аеродром

Ги замолуваме училиштата да се пријават за домаќини на регионалниот натпревар за учениците од основното образование на smm.osnovno@gmail.com.…

Прочитај повеќе