Список од пријавени ученици за општински натпревар во 2021/2022 година

Почитувани,

неопходно е, заради успешна организација и реализација на натпреварот, сите ученици од државните училишта, да достават email адреси од schools.mk.

Ве молиме, проверете ги податоците кои ќе ги најдете во списоците со пријавени ученици. Оние ученици кои сеуште не испратиле своја адреса, треба да го направат тоа  во најкус можен рок, заклучно со вторник, 15.02.2022 година во 12 часот.…

Прочитај повеќе

Излезе од печат вториот број на списанијата

Почитувани,

излегоа од печат вторите броеви на математичките списанија „Нумерус“ и „Сигма“ и веќе се испратени на вашите адреси.

Подолу може да ја погледнете содржината на списанијата.

Продолжуваме со подготовка на останатите два броја и тие наскоро ќе се најдат пред вас.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Информација за општинските натпревари по математика

Почитувани,

заради големиот интерес за учество на општинските натпревари по математика за учениците од основното и средното образование, одлучивме рокот за пријавување да го продолжиме за два дена т.е. заклучно со 9.02.2022 година, среда, во 22 часот.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Пристигна новиот број на Математички Билтен

Почитувани колеги,

Објавен е вториот број од 45. издание, односно LXXI издание, на списанието Матeматички Билтен за 2021 година, т.е. книга 45 (LXXI) број 2 (2021). Заинтересираните можат да го погледнат изданието на официјалната интернет страница, т.е. на следниот линк: https://bilten.smm.org.mk/?page_id=268или на http://im-pmf.weebly.com/matematicki-bilten—papers-2021-2030.html

Во оваа прилика Ве покануваме да поднесете свој оригинален научен труд за објавување во некој од следните два броја за 2022 година: Книга 46 (LXXII) бр.…

Прочитај повеќе

Општински и регионални натпревари 2022 година

Почитувани натпреварувачи,

комисиите за задачи за општински и регионални натпревари за основно и средно образование, подготвија дополнителни информации.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Зимски економски предизвик

Драги ученици,

Организаторот на Меѓународната економска олимпијада, за сите ученици од средните училишта, организира зимски предизвик во тек на месец февруари. Натпреварот е на англиски јазик, за сите средношколци. Тој се состои од задачи и проблеми кои бараат солидна математичко-логичка основа за решавање на проблеми од економија.

Сите заинтересирани можат да се регистрираат и да учествуваат на ова онлајн натпреварување.…

Прочитај повеќе

Конечни резултати од АБЦ 2022 и ЕГМО 2022

Почитувани,

во прилог се конечните резултати постигнати на Третиот меморијален натпревар Александар Блажевски – Цане, одржан на 15-16.01.2022 година на ПМФ-Скопје,

Согласно резултатите, македонската екипа за овогодинешната Европска Женска Математичка Олимпијада е следната:

  • МКД 1 Емилија Николовска (II година)
  • МКД 2 Марија Атанасова (II година)
  • МКД 3 Јасна Илиева (IV година)
  • МКД 4 Ивона Зикова (II година)

Водач и заменик-водач на екипата се: Анета Гацовска-Барандовска и Ерблина Зеќири. 

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Првични резултати од третиот меморијален натпревар

Почитувани,

во прилог се задачите и решенијата од вториот ден на третиот меморијален математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“ за:

Првичните резултати по категории се:

Приговори може да испраќате на mirko.petrushevski@gmail.com до утре, понеделник 17.01.2022 година до 23:30 часот.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Доделување медали за 2020/2021

Почитувани,

денес беа доделени медалите од:

  • Вториот меморијален математички натпревар „Александар Блажевски-Цане“ (АБЦ)
  • Македонската Олимпијада за ученици до 15,5 години (ЈММО)
  • Македонската олимпијада за ученици од средното образование (ММО)
  • Јуниорската балканска математичка олимпијада (JBMO)
  • Меѓународната математичка олимпијада (IMO)
  • Европската женска математичка олимпијада (EGMO)

за 2020/2021 година.…

Прочитај повеќе

Трет меморијален натпревар-прв ден

Почитувани,

денес со почеток од 10 часот во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, започна реализацијата на третиот меморијален математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“.

Во прилог се неколку фотографии од настанот и задачите и решенијата за:

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе