Историски успех на македонската екипа на БМО2022

Почитувани,

Чест и задоволство ни е да ве известиме за големиот успех на македонската репрезентација на Балканската математичка олимпијада БМО 2022! 

На овогодинешната олимпијада за прв пат во историјата на Македонија постигнат е златен медал на БМО, освоен од Никола Спировски. Покрај златниот медал, имаме и два сребрени медали, освоени од Дамјан Давков и Јан Стојановски, еден бронзен медал освоен од Алексиј Тасиќ и две пофалници, освоени од Јасна Илиева и Блаже Суклевски.…

Прочитај повеќе

Започна BMO 2022

Почитувани,

Екипата на BMO го започна патувањето од просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје до Агрос, Кипар, каде ќе се одржи 39. Балканска математичка олимпијада.

Лидер на тимот е Никола Велов, а заменик лидер Петар Филиповски.

Да им посакаме среќен пат и успешен натпревар!

Дел од атмосферата на тргнувањето низ фотографии:

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Програма на Третата меѓународна конференција за образование по математика, физика и сродни науки, 6-8 мај 2022

Почитувани,

На следниот линк може да пристапите кон програмата на Третата меѓународна конференција за образование по математика, физика и сродни науки, 6-8 мај 2022.

Програма

Од Организациониот одбор на Конференцијата…

Прочитај повеќе

Екипа за BMO 2022

Избрана е македонската екипа за БМО 2022!

МКД 1 Никола Спировски
МКД 2 Јасна Илиева
МКД 3 Блаже Суклевски
МКД 4 Алексиј Тасиќ
МКД 5 Јан Стојановски
МКД 6 Дамјан Давков

Со оглед дека три натпреварувачи на тукушто одржаната ММО завршија на делба на 6то место (имено Марија Атанасова, Дамјан Давков и Емилија Николовска), надлежната комисија одлучи како ад-хок критериум за разрешување на настаната ситуација да послужат постигнатите резултати на Третиот меморијален математички натпревар Александар Блажевски – Цане

Прочитај повеќе

Информации за IEO

Почитувани,

Почитувани,

За прв пат оваа година, Сојузот на математичарите организира селекција за Меѓународната економска олимпијада. Бордот на ИЕО, согледувајќи ја сериозноста и искуството на СММ во организација и спроведување на домашните и меѓународните натпревари, на СММ му ја довери задачата да селектира и испрати тим на Петтата ИЕО. Се надеваме да ја промовираме оваа селекција и истата во следните години да премине во Македонска економска олимпијада.…

Прочитај повеќе

Конечни резултати од ММО 2022

Почитувани,
во прилог се конечните резултати од 29. Македонска математичка олимпијада.

Честитки до сите учесници за прикажаните знаења. 

Тестот за избор на македонската екипа за ИМО 2022 ќе се одржи викендот 21-22. мај во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Подетални информации во текот на следните денови.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Прелиминарни резултати од ММО 2022

Во прилог се прелиминарните резултати од ММО 2022.

Времето за приговори е 90 минути после објавување на овие резултати т.е. до 21:30 часот. Приговорите се испраќаат електронски до претседателот на комисијата за Македонска математичка олимпијада и за меѓународни натпревари за средно образование mirko.petrushevski@gmail.com .

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

MMO 2022

Почитувани,

денес, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со почеток од 10 часот, се одржа XXIX Македонската математичка олимпијада за учениците од средно образование. Во прилог се задачите, решенијата и распределбата на бодовите.

Прелиминарните резултати ќе бидат објавени околу 18 часот. Времето за приговори е 90 минути после објавување на резултатите.…

Прочитај повеќе

Трето соопштение за Меѓународната конференција за образованието по математика, физика и сродни науки

Почитувани,

од 6-8 мај 2022 година, во Скопје ќе се одржи Третата меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки, во организација на:

  • Сојуз на математичари на Македонија (СММ)
  • Друштво на физичарите на Република Македонија (ДФРМ)
  • Институт за математика при ПМФ во Скопје
  • Институт за физика при ПМФ во Скопје
  • Природно-математички факултeт при Универзитетот „Св.
Прочитај повеќе

Дополнителни информации за ММО 2022

Почитувани,

во прилог е списокот ученици кои се поканети на 29. Македонска математичка олимпијада. Натпреварот ќе се одржи на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во четврток 28.04., со запазување на сите COVID-19 протоколи. Учесниците треба да бидат пред факултетската зграда најдоцна во 9 часот и 15 минути. Натпреварот ќе започне во 10 часот.…

Прочитај повеќе