Прелиминарни резултати за регионот Карпош

Почитувани,

Комисиите за натпревари во основното образование, одделенска и предметна настава, спроведоа проверка на постигнатите резултати на учениците од регионот Карпош. Во прилог се тие резултати. Приговор може да се испрати со пополнување на следнава форма до 9 часот наутро во петок, 1.04.2022 година.

Ваш СММ!

Прочитај повеќе

Нова книга: 25 години Јуниорска Македонска Математичка Олимпијада 1997 – 2021

Ве известуваме дека излезе од печат најновата книга во издание на Сојузот на математичари на Македонија – 25 години Јуниорска Македонска Математичка Олимпијада 1997 – 2021, од авторите Мирко Петрушевски, Илија Јовчески, Никола Велов, Петар Филиповски, Делчо Лешковски, Анастасија Трајанова.

„Книгата ги содржи сите задачи од ЈММО од 1997 до 2021 година.…

Прочитај повеќе

РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2022 за основно образование

Почитувани,

на 26.03.2022 година, сабота, со почеток во 10 часот, се одржа 40.Регионален натпревар по математика за учениците од основното образование.

Натпреварот се реализираше во 18 региони:

  1. Берово, Делчево, Пехчево, Македонска Каменица Кочани, Виница, Чешиново, Блатец, Облешево, Зрновци и Оризари
  2. Крива Паланка, Кратово и Ранковце Куманово, Липково, Орашец, Клечовце и Старо Нагоричане
  3. Велес, Свети Николе, Богомила, Градско, Лозово, Чашка и Извор Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија и Конопишта
  4. Штип, Пробиштип, Злетово и Карбинци
  5. Гевгелија, Стар Дојран, Богданци, Миравци, Валандово, Јосифово Струмица, Радовиш, Ново Село, Василево, Босилово, Куклиш, Муртино , Конче и Подареш
  6. Прилеп, Крушево, Долнени, Тополчани, Житоше, Кривогаштани, Витолиште, Македонски Брод, Самоков и Пласница
  7. Битола, Ресен, Бистрица, Новаци, Демир Хисар, Бач, Сопотница, Старавина, Могила, Кукуречани, Цапари и Добрушево
  8. Охрид, Дебрца, Белчишта, Косел и Мешеишта Струга, Вевчани, Луково, Делогожда, Лабуништа и Велешта
  9. Тетово, Џепџиште, Теарце, Брвеница, Камењане, Боговиње, Шипковица, Желино, Јегуновце и Вратница
  10. Гостивар, Неготино (Полошко), Врапчиште, Чегране, Долна Бањица и Вруток
  11. Дебар, Маврово – Ростуше и Центар Жупа
  12. Кичево, Другово, Осломеј, Вранештица, Зајас и Србица
  13. Карпош, Ѓорче Петров, Сарај и Кондово (Скопје)
  14. Гази Баба, Петровец, Илинден и Арачиново (Скопје)
  15. Чаир, Шуто Оризари, Чучер Сандево и Бутел (Скопје)
  16. Кисела Вода, Студеничани, Зелениково, Сопиште (Скопје)
  17. Аеродром
  18. Центар (Скопје)

Регионалниот натпревар се реализираше во училиштата домаќини, преку организирана работа на координаторите, менторите на учениците и делегатите.…

Прочитај повеќе

Второ соопштение за Третата меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки, 6-8 Мај 2022

MKD
EN

Организатори на конференцијата се:

  • Сојуз на математичари на Македонија (СММ)
  • Друштво на физичарите на Република Македонија (ДФРМ)
  • Институт за математика при ПМФ во Скопје
  • Институт за физика при ПМФ во Скопје
  • Природно-математички факултeт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Теми:

Наставни планови и програми, современи методи и техники во наставата, образовни стандарди, учебници и литература, истражувања во образованието, воннаставни активности, доживотно учење и професионален развој, вреднување на постигнувањата на учениците и наставниците, лабораториски активности и практична работа, образовна технологија, меѓупредметна корелација

  • поканети предавачи од регионот
  • усни презентации
  • паралелни сесии
  • работилници од областа на природните науки
  • тематски дискусии од областа на математиката

Време на одржување                 6 – 8 мај 2022
Место на одржување                  Природно-математички факултет во Скопје
Јазик на конференцијата          македонски / англиски

Котизација:                                        

  • 600 денари за членови на СММ, ДФРМ и наставници по физика од Република Србија и Република Бугарија
  • 900 денари (за друг наставен кадар од основните и средните училишта)  
  • 1200 денари (за универзитетски кадар, вработени во образовни институции и     други)

Важни датуми (крајни рокови за испраќање)

  • Пријава за учество (вклучува наслов и апстракт – google форма)*                15.04.2022
  • Плаќање котизација                                                         15.04.2022
  • Готов труд** Урнек за труд (Template) (doc)   05.06.2022          

*За пријавување пополнете ја следната google форма: ПРИЈАВА

Уплата на котизација се врши на:
Сојуз на математичари на Македонија
Жиро сметка: 300000001276071,
ЕДБ 4030991121596, депонент на Комерцијална банка АД, Скопје
Цел на дознака: Меѓународна конференција за образование

Сите прашања за конференцијата и изготвените трудови се испраќаат на komfsn@gmail.com

**Само презентираните трудови на конференцијата ќе бидат објавени во Зборникот на трудови на конференцијата.

Прочитај повеќе

Дополнителни информации за регионот Центар

Почитувани,

СММ одлучи учениците од регионот Центар, да ги решаваат задачите од Регионалниот натпревар за основно образование во амфитеатрите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во сабота на 26.03.2022 година.

До оваа одлука дојде затоа што ниту едно училиште од овој регион не сакаше да ги прифати, смести и организира учениците во училници за време од околу два часа, кое е предвидено за решавање на задачите.…

Прочитај повеќе

Упатство за спроведување на Регионалниот натпревар по математика за основно образование

Почитувани,

натпреварот ќе се одржи на 26.03.2022 година, сабота, со почеток во 10.00 часот во училиштата означени како домаќини во секој од регионите.

Учениците е потребно да бидат во училиштата во 9.30 часот, за навремено отварање на натпреварот, разместување на учениците по училници и навремен почеток на натпреварот.

Задачите од натпреварот се на јазикот на кој ученикот ја посетува наставата по математика.…

Прочитај повеќе

Заврши ПИ-ДЕН 2022

Почитувани ученици, наставници, родители и љубители на математиката, го завршивме третото заедничко прославување на Меѓународниот ден на математиката, 14 март 2022 година.

Задачите, решенијата и вашиот постигнат успех од државниот електронски натпревар, ќе ги добиете на електронската пошта со која се најавивте како учесник на натпреварот.

Првопласираните учесници во секое одделение/година се во следниот список.…

Прочитај повеќе

Конечни резултати од Регионалниот натпревар за средно образование

Почитувани,

на Државниот натпревар по математика за средно образование, ќе се натпреваруваат сите ученици кои на Регионалниот натпревар освоија најмалку пофалница.

Во прилог се конечните резултати од Регионалниот натпревар по години:

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2022 за средно образование

Почитувани,

вчера со почеток во 10 часот, се одржа 45.Регионален натпревар по математика за учениците од средното образование.

Натпреварот се реализираше во шест региони:

1. Скопје (сите општини при град Скопје);

2. Крива Паланка, Куманово, Липково, Кратово, Пробиштип, Злетово и Свети Николе;

3. Тетово, Брвеница, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга, Дебар, Центар Жупа, Маврово-Ростуше;

4.…

Прочитај повеќе

ПИ ДЕН 2022

Драги натпреварувачи,

започна прославата на Меѓународниот ден на математиката, преку реализација на математичкиот државен електронски натпревар ПИ-ДЕН.

Задачите кои ги подготвивме се поставени на следната веб страна

Натпреварот, ќе се реализира со помош на компјутер, мобилен телефон, таблет или кој било друг уред со чија помош може да пристапите до електронската локација која ќе биде отворена два часа за секоја од категориите:

  • 1,2,3,4 и 5 одделение, има пристап до системот во 10 часот на 13.03.2022 година
  • 6,7,8 и 9 одделение, има пристап до системот во 12 часот на 13.03.2022 година
  • I, II, III и IV година, има пристап до системот во 14 часот на 13.03.2022 година
  • 18+ , има пристап до системот во 16 часот на 13.03.2022 година

Нека ни е среќен Меѓународниот ден на математиката!…

Прочитај повеќе