ПИ ДЕН 2022

Драги натпреварувачи,

започна прославата на Меѓународниот ден на математиката, преку реализација на математичкиот државен електронски натпревар ПИ-ДЕН.

Задачите кои ги подготвивме се поставени на следната веб страна

Натпреварот, ќе се реализира со помош на компјутер, мобилен телефон, таблет или кој било друг уред со чија помош може да пристапите до електронската локација која ќе биде отворена два часа за секоја од категориите:

  • 1,2,3,4 и 5 одделение, има пристап до системот во 10 часот на 13.03.2022 година
  • 6,7,8 и 9 одделение, има пристап до системот во 12 часот на 13.03.2022 година
  • I, II, III и IV година, има пристап до системот во 14 часот на 13.03.2022 година
  • 18+ , има пристап до системот во 16 часот на 13.03.2022 година

Нека ни е среќен Меѓународниот ден на математиката!

Ваш СММ!