Нова книга: 25 години Јуниорска Македонска Математичка Олимпијада 1997 – 2021

Ве известуваме дека излезе од печат најновата книга во издание на Сојузот на математичари на Македонија – 25 години Јуниорска Македонска Математичка Олимпијада 1997 – 2021, од авторите Мирко Петрушевски, Илија Јовчески, Никола Велов, Петар Филиповски, Делчо Лешковски, Анастасија Трајанова.

„Книгата ги содржи сите задачи од ЈММО од 1997 до 2021 година. Задачите се преработени и покрај официјалните решенија имаат и нови оригинални решенија. Покрај задачите, во книгата се наоѓаат и две дополнителни поглавја кои што оваа книга ја прават различна од останатите од овој тип. Првата дополнителна глава има за цел да ги запознае натпреварувачите со основите на математичкото заклучување со помош на многу конкретни примери. Последната дополнителна глава има за цел да ги упати сите наши потенцијални олимпијци како најдобро да се подготват за успешен пласман на математичките олимпијади.
Се надеваме дека оваа книга ќе најде свој пат до рацете на секој млад математичар во нашата земја и ќе придонесе за уште подобри резултати на меѓународните математички натпревари во иднина.“

Книгата може да ја нарачате од е-книжарницата на СММ во табот КНИГИ.