Најава за Есенска математичка школа 2020 и пријавување учество

И оваа година, Сојузот на математичари на Македонија, во текот на месеците октомври, ноември и декември 2020 година, организира Есенска математичка школа 2020 наменета за учениците од 4 до 9 одделение од основните училишта и за учениците од 1 до 4 година од средните училишта од целата држава. Школата е наменета за сите ученици кои ја сакаат математиката и сакаат да ги откриваат убавините на математиката со продлабочување на постоечките знаења и стекнување нови знаења и вештини.…

Прочитај повеќе

Екипа за ИМО

Почитувани,

пријавена е екипата која ќе ја претставува нашата земја на 61 Интернационална математичка олимпијада.

  • Лука Грашкоски ученик од III година при Меѓународни Училишта „НОВА“-Скопје,
  • Алек Јармов ученик од IV година при СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“-Скопје,
  • Дамјан Давков ученик од VII одделение при ООУ „Ванчо Прке“-Штип,
  • Благоја Младенов ученик од IV година при ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје,
  • Кристина Тасева ученичка од II година при ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје и
  • Бојан Димовски ученик од II година при ССОУ „Коле Неделковски”-Велес.
Прочитај повеќе

Конечни резултати од ММО

Почитувани,

во прилог се конечните резултати од Македонската математичка олимпијада (ММО) која се одржа на 29.08.2020 година. Во табелата се наведени и освојувачите на медали. СММ на сите ученици им честита за постигнатите резултати.

Ваш СММ!

Прочитај повеќе

Конечни резултати од државниот натпревар за основно образование

Почитувани,

во прилог се конечните резултати од XLV Државен натпревар по математика за учениците од основното образование кој се одржа на 22 и 23.08.2020 година.

Освојувачи на првите места на државно ниво, по одделенија, се учениците:

  • шесто одделение – Ивано Божиновски, ученик од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“- Скопје,
  • седмо одделение – Нина Ламева, ученичка од ООУ,,Браќа Миладиновци”- Скопје,
  • осмо одделение – Алексиј Тасиќ, ученик од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“- Скопје и
  • деветто одделение – Дрин Салиу, ученик од ОУ„Братство“- Скопје.
Прочитај повеќе

Прелиминарна ранг листа од ММО 2020

Почитувани,

Комисијата за Македонска математичка олимпијада и за меѓународни натпревари за средно образование ја изготви прелиминарната ранг листа од ММО 2020.

Приговори може да се поднесуваат до недела, 30.08.2020 година во 19 часот на mirko.petrushevski@gmail.com .

Претседател на комисијата за Македонска математичка олимпијада и за меѓународни натпревари за средно образование

Д-р Мирко Петрушевски…

Прочитај повеќе

Се одржа ММО

Почитувани,

денес со почеток од 10 часот во просториите на Природно-математичкиот факултет се одржа дваесет и седмата Македонска математичка олимпијада. Настанот се одвиваше во математичкиот амфитеатар со целосно почитување на протоколите за работа при физичко присуство на кандидатите.

Во прилог се задачите и решенијата на задачите како и предлогот за распределба на бодовите.…

Прочитај повеќе

Математички кружоци за учениците од основните училишта во општина Гази Баба

Со задоволство објавуваме дека Сојузот на математичари на Македонија доби поддршка од општина Гази Баба за реализирање на проектот „Математика за сите – математички кружоци за ученици од основните училишта“. Во тек е реализацијата на првата фаза од Проектот и обуките за 24 наставници по математика од основните училишта во општина Гази Баба за одржување настава во математички кружоци.…

Прочитај повеќе

Книги од предавањата на Есенската математичка школа 2019

Ве известуваме дека подготвивме две книги од одржаните предавања на Есенската математичка школа 2019:

1. Есенска математичка школа 2019. Предавања за учениците од IV до VII одделение

Автори: Слаѓана Јакимовиќ, Ирена Стојковска, Весна Целакоска-Јорданова, Соња Геговска-Зајкова

Година на издавање: 2020

Број на страници: 194

Цена на еден примерок: 220,00 ден.

Содржина и предговор

2.

Прочитај повеќе

Прелиминарни резултати од XLV Државен натпревар по математика

Почитувани ученици и ментори,

следуваат прелиминарните резултати од XLV Државен натпревар по математика за ученици од основното образование.

Приговорите може да ги доставувате овде до 26.08.2020 година, среда во 8:00 часот.

Од комисијата за задачи за општински, регионални и републички натпревари за
учениците од основните училишта

Трајче Ѓорѓијевски…

Прочитај повеќе

Информација за ЈММО 2020

Почитувани,

Ве известуваме дека Јуниорската македонска математичка олимпијада (ЈММО) 2020 ќе се одржи на 05.09.2020 година, сабота, со почеток во 10 часот.

Учесниците на натпреварот ќе ги објавиме во текот на следните денови.

Натпреварот ќе се одржи во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со физичко присуство на учениците и со почитување на протоколот за работа на ПМФ при физичко присуство.…

Прочитај повеќе