Изборен тест за БМО 2021

Почитувани,

изборниот тест за македонската екипа на БМО 2021 ќе се одржи на 18.08. 2021 година (среда) во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Притоа, ќе бидат запазени сите COVID-19 протоколи.

Учесниците треба да бидат пред факултетската зграда најдоцна во 9 часот и 30 минути. Натпреварот ќе започне во 10 часот.

Во прилог е список на сите поканети ученици, со моменталната ранг-листа во пресрет на тестирањето.

Ваш СММ!