Избран е олимпискиот тим!

Почитувани,

избран е олимпискиот тим кој ќе не претставува на ИМО 2021!

Во прилог е табелата со распределба на бодовите според подготвениот Правилник за ММО.

Во пресрет на олимпијадата, само накусо потсетување на дел од сценариото кое е планирано од страна на домаќините на овој виртуелен настан:

  • активностите за лидерот и неговиот заменик започнуваат на 16.07.2021 година и траат до 24.07.2021 година
  • церемонијата на отворањето ќе биде на 18.07.2021 година
  • натпреварувањето се реализира во два дена, 19.07.2021 година и 20.07.2021 година

Останатите аспекти поврзани со техничкиот дел од организацијата и поддршката на олимпијците, подетално може да ги прочитате овде.

Да им посакаме огромен успех на нашите олимпијци и одлични резултати од ИМО 2021!

Ваш СММ!