Доделување медали за 2020/2021

Почитувани,

денес беа доделени медалите од:

  • Вториот меморијален математички натпревар „Александар Блажевски-Цане“ (АБЦ)
  • Македонската Олимпијада за ученици до 15,5 години (ЈММО)
  • Македонската олимпијада за ученици од средното образование (ММО)
  • Јуниорската балканска математичка олимпијада (JBMO)
  • Меѓународната математичка олимпијада (IMO)
  • Европската женска математичка олимпијада (EGMO)

за 2020/2021 година.…

Прочитај повеќе

Трет меморијален натпревар-прв ден

Почитувани,

денес со почеток од 10 часот во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, започна реализацијата на третиот меморијален математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“.

Во прилог се неколку фотографии од настанот и задачите и решенијата за:

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Информации за реализација на натпреварите во учебната 2021/2022 година

Почитувани,

УО на СММ на седницата одржана на 21.12.2021 година, донесе одлука за уредување и доуредување на прашањата поврзани со организирање и спроведување на општинските, регионалните и државните натпревари за учениците од основното и средното образование во учебната 2021/22 година, во услови кога се на сила мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на Корона вирусот CoVid-19.…

Прочитај повеќе

Трет меморијален натпревар Александар Блажевски-Цане

Почитувани натпреварувачи,

Ве известуваме дека третото издание на меморијалниот математички натпревар во чест на прерано починатиот голем македонски математичар Александар Блажевски – Цане ќе се одржи на 15-16 јануари 2022 година.

Станува збор за натпреварување од олимписки формат: се состои од шест задачи (по три во два натпреварувачки дена), за чие решавање се предвидени по 4 и пол саати дневно.…

Прочитај повеќе

Календар за натпревари во учебната 2021/2022 година

Почитувани,

СММ и другите акредитирани здруженија од природно-математичкото подрачје, донесоа заеднички календар за реализација на натпреварите во основното и средното образование. Според тој календар, термините за реализација на натпреварите по математика се:

КАЛЕНДАР ЗА НАТПРЕВАРИТЕ ПО МАТЕМАТИКА ВО СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА
Општински натпревар, 19.02.2022 година.
Регионален натпревар, 12.03.2022 година.…

Прочитај повеќе

Две сребра, една бронза и пофалница на БМО 2021!

Почитувани,

Чест и задоволство ни е да ве известиме за уште еден голем успех на македонската репрезентација на БМО 2021!

На овогодинешната олимпијада за прв пат во последните 15 години се освоени два сребрени медали и тоа од Никола Спировски и Лука Грашкоски. Бронзениот медал за нашиот тим го освои Јасна Илиева, а со пофалница се здоби Блаже Суклевски.…

Прочитај повеќе

Заврши натпреварувачкиот ден од БМО 2021

Почитувани,

денес со почеток во 10 часот се одржа 38-мата Балканска математичка олимпијада (БМО 2021).

Нашиот тим е во состав: Никола Спировски, Дамјан Давков, Лука Грашковски, Блаже Суклевски, Марија Атанасова и Јасна Илиева. Лидер на тимот е Никола Велов, а заменик лидер Петар Филиповски. Набљудувачи се проф. д-р Мирко Петрушевски и проф.…

Прочитај повеќе

Избран е тимот за БМО 2021

Почитувани,

избран е тимот кој ќе нé претставува на БМО 2021, која што ќе се одржува виртуелно во периодот 6-10 Септември во организација на Кипарското математичко друштво.

Во прилог е табелата со распределба на бодовите според подготвениот Правилник за ММО и изборни тестови за меѓународни натпревари. Првопласираните шест се стекнаа со право за учество на балканијадата.…

Прочитај повеќе

Се одржа изборниот тест за БМО 2021

Почитувани,

денес се одржа изборниот тест со чија помош ќе се одреди екипата за БМО 2021. Повеќе информации околу начинот на формирање на екипата ќе најдете овде.

Во просториите на Природно математичкиот факултет, со почеток од 10 часот, присутните ученици, решаваа 4 задачи за 270 минути. Притоа се запазија сите COVID-19 протоколи.…

Прочитај повеќе

Изборен тест за БМО 2021

Почитувани,

изборниот тест за македонската екипа на БМО 2021 ќе се одржи на 18.08. 2021 година (среда) во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Притоа, ќе бидат запазени сите COVID-19 протоколи.

Учесниците треба да бидат пред факултетската зграда најдоцна во 9 часот и 30 минути. Натпреварот ќе започне во 10 часот.…

Прочитај повеќе