Училишта домаќини за регионалниот натпревар за средно образование

Почитувани,

во прилог е список на домаќини за Регионалниот натпревар по математика за учениците од средно образование, кој ќе се одржи на 2.3.2024 година, сабота, со почеток од 10 часот.

Во регионите во кои нема пријавени домаќини, СММ го задржува правото да ги повика учениците да го одржат натпреварот на друго место, без разлика колку е тоа оддалечено од регионот. Одговорност е на училиштата, директорите и менторите да обезбедат просторни можности за одржување на натпреварот.

СММ има воспоставено циклуси на кружно менување на домаќините, но некои општини одбиваат повеќе години по ред да ја превземат својата обврска.

Ваш СММ!