Информации за проектот „Математички институт за научно-истражувачки подмладок“

Почитувани,

Рокот за поднесување на трудовите за Ученичката конференција по математика и информатика „Математички институт за научно-истражувачки подмладок“ се продолжува до 10.10.2022 година, понеделник.

Сите детали околу изработката на трудот може да ги најдете овде.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Теми на Есенската математичка школа 2022

Темите на Есенската математичка школа 2022 која започнува со предавања на 15 октомври 2022 година во просториите на Природно-математичкиот факулетет во Скопје, се следните:

  • 4 одд.
    Предизвикот на дропките, проф. д-р Слаѓана Јакимовиќ, Институт за одделенска настава, Педагошки факултет, Скопје
    Програма: Истражувања за дропките (што е дропка, видови дропки, споредување дропки, еквивалентни дропки…).
Прочитај повеќе

Најава за Есенската математичка школа 2022 и пријавување учество

Ве известуваме дека Сојузот на математичари на Македонија, во текот на месеците октомври и ноември 2022 година, по четврти пат организира Есенска математичка школа 2022 наменета за учениците од 4 до 9 одделение од основните училишта и за учениците од 1 до 4 година од средните училишта од целата држава. Школата е наменета за сите ученици кои ја сакаат математиката и сакаат да ги откриваат убавините на математиката со продлабочување на постоечките знаења и стекнување нови знаења и вештини.…

Прочитај повеќе

Математички институт за научно-истражувачки подмладок

Почитувани,

Во склоп на работата на Македонската акдемија на науки и уметности (МАНУ), а во соработка со Сојузот на математичари на Македонија (СММ) и Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ) во тек е проект:

 Математички институт за научно-истражувачки подмладок.

Целта на Институтот е да  се грижи за откривање на надарени и талентирани ученици за математика од најрана возраст и нивно понатамошно поттикнување и воведување во научно-истражувачка работа.…

Прочитај повеќе