Најава за Есенската математичка школа 2022 и пријавување учество

Ве известуваме дека Сојузот на математичари на Македонија, во текот на месеците октомври и ноември 2022 година, по четврти пат организира Есенска математичка школа 2022 наменета за учениците од 4 до 9 одделение од основните училишта и за учениците од 1 до 4 година од средните училишта од целата држава. Школата е наменета за сите ученици кои ја сакаат математиката и сакаат да ги откриваат убавините на математиката со продлабочување на постоечките знаења и стекнување нови знаења и вештини.…

Прочитај повеќе

Математички институт за научно-истражувачки подмладок

Почитувани,

Во склоп на работата на Македонската акдемија на науки и уметности (МАНУ), а во соработка со Сојузот на математичари на Македонија (СММ) и Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ) во тек е проект:

 Математички институт за научно-истражувачки подмладок.

Целта на Институтот е да  се грижи за откривање на надарени и талентирани ученици за математика од најрана возраст и нивно понатамошно поттикнување и воведување во научно-истражувачка работа.…

Прочитај повеќе