Резултати од државниот натпревар за средно образование

Почитувани,

заврши 64. Државен натпревар по математика!

Конечните резултати по години се следните:

Државните прваци по години се:

1. Заради изедначениот број на поени на Државниот натпревар, државниот првак за прва година ќе го одредиме по завршување на ММО 2021. Копјата ќе се кршат меѓу:     

1) Јан Стојановски, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ Скопје, од Скопје     

2) Никола Спировски, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ Скопје, од Скопје

2.…

Прочитај повеќе

Прелиминарни резултати од државниот натпревар за средно образование

Почитувани,

прелиминарните резултати по години се:

Приговорите може да ги испратите до 13 часот во среда, 12.05.2021 година, преку пополнување на следната

ФОРМА

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Термини за Државен натпревар 2021 за основно образование

Почитувани,

ве информираме дека Државниот натпревар 2021 за учениците од основното образование ќе се реализира според следниот распоред:

  • шесто одделение, сабота, 15.05.2021 година, со почеток во 10 часот
  • седмо одделение, недела, 16.05.2021 година, со почеток во 10 часот
  • осмо одделение, сабота, 15.05.2021 година, со почеток во 14 часот
  • деветто одделение, недела, 16.05.2021 година, со почеток во 10 часот

Натпреварот ќе се реализира во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.…

Прочитај повеќе

Датум за ММО 2021

Почитувани,

ве известуваме дека XXVIII Македонската математичка олимпијада 2021, за учениците од средното образование, ќе се одржи на 19.05.2021 година, среда, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Сите дополнителни информации, очекувајте ги до крајот на работната седмица.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Државен натпревар за средно образование

Почитувани,

заврши решавачкиот дел од LXIV Државен натпревар по математика за учениците од средното образование.

Учениците беа сместени во амфитеатрите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде во целост се почитуваа протоколите за реализација на натпреварот во услови на пандемија.

Задачите и решенијата од натпреварот се:

Во тек е прегледувачкиот дел од страна на комисијата.…

Прочитај повеќе

Информации за Државниот натпревар за средно образование 2021

Почитувани,

Државниот натпревар по математика за учениците од средните училишта ќе се одржи по следниот распоред:

  • втора (II) и четврта (IV) година на 8.05.2021 година, сабота
  • прва (I) и трета (III) година на 9.05.2021 година, недела

Почетокот на натпреварот е во 10 часот.

Очекуваме учениците да се пред влезот на Природно математичкиот факултет во Скопје, во 9:30 со цел навремено распоредување во амфитеатрите.…

Прочитај повеќе

Правилник за ММО и екипи на меѓународните натпревари

Почитувани,

УО донесе посебен правилник за реализација на Македонската математичка олимпијада 2021 и избор на екипите за меѓународните натпревари за учебната 2020/2021 за средно образование.

ПРАВИЛНИК

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ДРЖАВНИТЕ НАТПРЕВАРИ

Почитувани,

заради продолжувањето на рестриктивните мерки поврзани со Covid-19, ве известуваме дека СММ одлучи да ги одложи државните натпревари за средно и основно образование. 

Новите термини за одржување на државните натпревари се:

  • средно образование 8 и 9 мај 2021 година
  • основно образование 15 и 16 мај 2021 година

Повеќе детали околу натпреварите ќе бидат објавени подоцна. Напоменуваме дека евентуалното натамошно одложување на натпреварите ќе зависи од мерките кои ќе ги донесува Владата. 

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

EGMO 2021

Почитувани,

во периодот 9-15.04.2021 се одржа Десеттата Европска женска математичка олимпијада ЕГМО 2021.

МКД тимот постигна одлични резултати.

Достигнувањата овој пат се:

златен медал – Марија Атанасова,

сребрен медал – Јасна Илиева и

бронзен медал – Емилија Николовска.

Успешно се покажа и значително го подобри тимскиот успех и Ивона Зикова.

Честитки до натпреварувачите!…

Прочитај повеќе