ЕМО 2026: злато, сребро и бронза за Македонија!

Почитувани,

Годинава, за прв пат се одржа Европска Математичка Олимпијада (ЕМО 2026). Натпреварот се одржа во Вилнус, Литванија, во периодот 23-29 април. Нашата  делегација се состоеше од шест ученици: Дамјан Давков, Ивано Божиновски, Леонид Тодороски, Марко Митевски, Андреј Тасиќ и Филип Џамбаски; предводени од Илија Јовчески и Лука Хаџи Јорданов.

На натпреварот учествуваа 124 натпреварувачи од 19 европски држави кои решаваа 8 задачи во тек на два дена. Како и во изминатите неколку години нашите натпреварувачи се покажаа одлично и тројца од нив се закитија со медали: златен, сребрен и бронзен:

  • ДАМЈАН ДАВКОВ (златен медал; 44 поени
  • ИВАНО БОЖИНОВСКИ (сребрен медал; 29 поени)
  • ЛЕОНИД ТОДОРОСКИ (бронзен медал; 23 поени) 

Ова е уште еден голем успех на младите математичари од Македонија.

Сакаме да напоменеме дека Дамјан Давков со освоени 44 поени е прворангиран, заедно со ученик од Казахстан, т.е. е севкупен победник на Првата Европска Математичка Олимпијада. 

Во екипен пласман е освоено високото 6-то место според  бројот на одличја, после Казахстан, Украина, Бугарија, Франција и Грузија.

Најискрени честитки за целата македонска екипа на ЕМО 2026. Успехот на овие златни деца е успех за целата татковина. Им посакуваме уште подобри резултати на идните натпревари.

Ваш СММ!