Информации за учесниците на Државниот натпревар по математика за основно образование

Почитувани,

Државниот натпревар по математика за основно образование ќе се одржи на 18.04.2026 година (сабота) во просториите на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје (горна зграда).

Секој ученик треба да го прочита списокот и да провери во која просторија е распределен на денот на натпреварот.

Важно:

Учениците треба да пристигнат на ПМФ во 09:30 часот за натпреварот да започне навреме.
Натпреварот почнува во 10:00 часот и трае 3 часа.
Учениците самостојно се упатуваат до соодветните простории.
Во објектите ќе има студенти кои ќе помогнат за ориентација и насочување на учениците.
Ви посакуваме многу успех на натпреварот!

Ваш СММ!