Почитувани,
Од 9 до 15 април 2026 година во Бордо, Франција, се одржа Европската женска математичка олимпијада (ЕГМО), на која учествуваа ученички од 67 држави од целиот свет.
Македонија ја претставуваа Ана Митовска, Илина Арсовска, Теа Анѓелова и Калина Грашкоска. Тимот беше предводен од лидерите Блаже Суклевски и Христина Митреска.
Калина Грашкоска беше многу блиску до освојување бронзен медал, но ѝ недостигаше само еден поен за да го постигне тој успех.
Покрај натпреварувачкиот дел, учесничките имаа можност да учествуваат и во различни активности, при што се запознаа и дружеа со ученички од други земји, што пружи можност за размена на искуства и идна соработка.










Ваш СММ!