Почитувани,
Ве известуваме дека Јуниорската македoнска математичка олимпијада (ЈММО) 2026 ќе се одржи на 9 мај 2026 година со почеток во 10 часот во просториите на Природно-математички факултет во Скопје.
На ЈММО се покануваат учениците:
од 7 одделение кои на Државниот натпревар се рангирани на места 1 до 6,
од 8 одделение кои на Државниот натпревар се рангирани на места 1 до 12,
од 9 одделение кои на Државниот натпревар се рангирани на места 1 до 18.
Целосниот список може да се погледне тука.
Дополнително на ЈММО може да учествуваат и учениците од средно образование кои се родени на или после 17 декември 2010 година и имаат барем пофалница на државниот натпревар за средно образование. Истите да се пријават на jovceski_ilija@yahoo.com најдоцна до 05.05.2026 година.
Сите учесници на ЈММО треба да бидат пред горната зграда на ПМФ најдоцна до 9 часот и 30 минути.
Ваш СММ!