На 23.02.2020 (недела) во математичкиот амфитеатар при ПМФ-Скопје се одржа второто (од предвидените две) тестирање за избор на македонска екипа за овогодинешното издание на престижната Европска Женска Математичка Олимпијада (EGMO 2020), која ќе се одржува во периодот 16.04 – 21.04. во Холандија. Во прилог се задачите и официјалните решенија (со официјалната шема за бодување) .…
Прочитај повеќеLatest Posts
Информација
На барање на некои членови на Собранието кое се одржа денес, 22.02.2020 година, со почеток во 12 часот, еве ги резултатите од општинскиот натпревар по математика за учениците од средното образование одржан на 25.01.2019 година. Резултатите се дадени по општини по азбучен ред:
- Битола
- Валандово
- Велес
- Виница
- Гази Баба
- Гевгелија
- Гостивар
- Делчево
- Демир Хисар
- Илинден
- Карпош
- Кавадарци
- Кочани
- Крива Паланка
- Куманово
- Македонска Каменица
- Неготино
- Охрид
- Прилеп
- Пробиштип
- Радовиш
- Ресен
- Струга
- Струмица
- Свети Николе
- Тетово
- Центар
- Штип
Завршна сметка на СММ за 2019 година
ИНФОРМАЦИИ
Почитувани,
Во екот на подготовките околу организацијата на општинскиот натпревар за нашите најмлади учесници, сметаме дека не е на одмет да повториме некои од важните чекори кои мора заеднички да ги направиме за да им овозможиме на учениците прекрасно искуство!
Ве потсетуваме дека пријавата на учениците се врши заклучно со 20.02.2020 година (четврток).…
Прочитај повеќеВАЖНО СООПШТЕНИЕ
Почитувани ученици, наставници, родители и директори на училишта,
Деновиве добивме многу писма и јавувања од поединци, Природно – математички активи и директори на основни и средни училишта од Македонија, во врска со писмото кое што училиштата го добиле од здружението АРМАГАНКА, за организирање на математичкиот натпревар “Кенгур 2020”. За да не одговараме поединечно на сите нив, сакаме целата македонска јавност да ја информираме дека:
1) Сојузот на математичари на Македонија (СММ) е единствено акредитирано здружение од Министерството за наука и образование (МОН) за организирање натпревари од наставниот предмет Математика на територијата на Република Северна Македонија (согласно добиената акредитација од МОН во април 2017 година со важност од 3 години, заклучно со учебната 2019/2020 година).…
Прочитај повеќеПрв тест за избор на македонската екипа за EGMO 2020
На 16.02.2020 (недела) во математичкиот амфитеатар при ПМФ-Скопје се одржа првото (од предвидените две) тестирање за избор на македонска екипа за овогодинешното издание на престижната Европска Женска Математичка Олимпијада (EGMO 2020), која ќе се одржува во периодот 16.04 – 21.04. во Холандија. Во прилог се задачите и официјалните решенија (со предвидена шема за бодување) .…
Прочитај повеќеСписок на учесници на Државниот натпревар по математика за учениците од средното образование
Почитувани,
Државниот натпревар по математика за учениците од средното образование ќе се одржи на 14.03.2020 година.
Право на учество имаат следните ученици.
Од претседателот на комисијата за општински, регионални и државни натпревари за учениците од средните училишта
Д-р Анета Гацовска-Барандовска
…
Задачи од регионалниот натпревар по математика за средно образование
Почитувани,
еве ги задачите и решенијата од регионалниот натпревар по математика за учениците од средното образование кој се одржа на 8.02.2020 година.
Од претседателот на комисијата за општински, регионални и државни натпревари за учениците од средните училишта
Д-р Анета Гацовска-Барандовска
…
Резултати од регионалниот натпревар по математика за учениците од средните училишта
Ова се конечните резултати од Регионалниот натпревар одржан на 8.02.20202 година.
Списокот со учесници на Државниот натпревар ќе биде објавен наскоро.
Од претседателот на комисијата за општински, регионални и државни натпревари за учениците од средните училишта
Д-р Анета Гацовска-Барандовска
…
С О Б Р А Н И Е
Според член 18 од Статутот на СММ, Претседателот на СММ свикува редовно собрание на ден 22.02.2020 година во 12 часот во Математичкиот амфитеатар на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување на завршната сметка на СММ за 2019 година
- Утврдување на висината на членарината за членство во СММ
- Информации и разно
Ве потсетуваме да ја пополните пријавата за членство во СММ.…
Прочитај повеќе