„Математика, учење и другарување“ – приказната за Есенската математичка школа 2019

Во периодот 5. октомври – 1. декември 2019 год., на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа Есенската математичка школа 2019 во организација на Сојузот на математичарите на Македонија. Школата беше наменета за учениците од 4 до 9 одд. од основното образование и учениците од 1 до 4 год. од средното образование. Предавањата беа на: 5, 19, 26 октомври, 2 и 9 ноември 2019 год., а завршниот тест на 1 декември 2019 год. Секој ученик доби сертификат за учество на школата, а учениците кои го положија завршниот тест добија дипломи во зависност од нивните постигнувања.

Драги ученици, ви благодариме што ни помогнавте да ја составиме оваа прекрасна приказна!

До гледање до следната математичка школа!

Проф. д-р Ирена Стојковска,
Раководител на Есенската математичка школа 2019

„Математика, учење и другарување“ – приказната за Есенската математичка школа 2019

Повеќе информации за Есенската математичка школа 2019 ќе најдете во Школи.