Полагање на завршниот тест на Есенската математичка школа 2019

Почитувани ученици,

Како што беше претходно најавено, на 1 декември 2019 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе биде полагањето на завршниот тест на Есенската математичка школа 2019.

Полагањето на завршниот тест за учениците од 4 одд. до 2 год. ќе започне во 10 часот и ќе трае 2 часа. Потребно е учениците да дојдат 15-30 минути порано, да се најдат на објавените списоци во која просторија се распределени, и да се упатат пред просторијата. Списоците ќе бидат објавени на влезната врата на ПМФ.

Учениците од 3 и 4 год. ќе го полагаат завршниот тест на темата „Комбинаторика и примена“ од 9.45 часот во времетраење од 1 час. Потоа, од 11 часот ќе ги презентираат завршните проекти на темата „Математичко моделирање“. Тие треба да дојдат 15 минути пред закажаниот почеток на тестот и да се упатат кон одредената просторија.

Се надеваме дека добро се подготвивте. На сите ученици им посакуваме успех на завршниот тест!

Повеќе информации за Есенската математичка школа 2019 ќе најдете во Школи.

Од Раководството на ЕМШ2019