Доделување дипломи за завршена Есенска математичка школа 2019

Во сабота, 14 декември 2019 година, со почеток во 12.30 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе биде доделувањето на дипломите за завршена Есенска математичка школа 2019. Учениците кои го полагаа завршниот тест се веќе информирани за резултатите од тестот.

На сите ученици им ги честитаме постигнатите резултати! Учениците кои не ја завршија школата им посакуваме подобри постигнувања следниот пат. Се надеваме дека секој ученик се збогати со нови математички знаења, но понесе со себе и убави сеќавања.

Ја користиме оваа прилика да му се заблагодариме на нашиот генерален поддржувач Просветно Дело АД Скопје за помошта околу организирањето на Есенската математичка школа 2019.

Раководството на Есенската математичка школа 2019

Повеќе информации за Есенската математичка школа 2019 ќе најдете во Школи.