Манифестации

Најнови вести за научните собири

Манифестација за популаризација на природните науки и математиката „Ноември – Месец на науката“ 2019 (ПМФ, 16-30 ноември 2019)

Во текот на месец ноември 2019 година, на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа манифестацијата за популаризација на природните науки и математиката „Ноември – Месец на науката“ 2019 во организација на Македонското географско друштво (МГД) и Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојуз на математичари на Македонија (СММ), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астрономско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје.

Овој настан беше наменет за учениците од основните и средните училишта, наставниците, но и за пошироката јавност. Реализацијата на настанот беше во три дена од три викенда (16 ноември 2019 за ученици од I-VI одд, 23 ноември 2019 за ученици од VII-IX одд. и 30 ноември 2019 за ученици од I-IV год). Преку организирани предавања, натпревари во експерименти, работилници и посети на лабаратории, сите кои присуствуваа на оваа манифестација придонесоа за популаризација на природните науки и математиката. За време на натпреварите по експерименти, манифестацијата беше отворена за посетители од надвор во секој од деновите од 11 до 13 часот.

Повеќе информации за оваа манифестација ќе најдете на следниот линк: https://smm.org.mk/naucni-sobiri/manifestacii/manifestacija-noemvri-mesec-na-naukata-2019/ .