Ноември – Месец на науката 2019

Во текот на месец ноември 2019 година на Природно-математичкиот факултет по четврти пат се одржа манифестацијата за популаризација на математиката и природните науки „Ноември – Месец на науката“ 2019 на која математичарите учествуваа со предавања, работилници и натпревари во експерименти/презентации по математика. Беа презенитари вкупно 43 проекти, а најуспешните беа и наградени.

Во организација на овој настан учествуваа Македонското географско друштво (МГД), Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојуз на математичари на Македонија (СММ), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астрономско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје.

Повеќе инфомации за овој настан ќе најдете на следниот линк.