Почитувани,
во пресрет на одржувањето на општинскиот натпревар по математика за учениците од основното и средното образование, дозволете да ве информираме подетално за текот на натпреварот:
- Почетокот на натпреварот е во 10 часот, на 20.02.2021 година, сабота;
- Пристапот до задачите се реализира со посредство на посебна веб страна која ќе биде објавена во сабота во 9:55 часот
- Секој ученик врши избор на своето одделение/клас и наставниот јазик на кој ја следи наставата по математика;
- Откако е направен тој избор, се внесуваат основните податоци на ученикот;
- Бројот на задачи и времето за работа се разликуваат кај учениците од основното и средното образование (12 задачи за 120 минути за основно, а 20 задачи за 150 минути за средно);
- На крајот на натпреварот, задолжително треба да се избере SUBMIT (Можна е појава на верификацијата-I’m not a robot).