Објавен е вториот број на Математички Билтен за 2020 година

Почитувани колеги,

Објавен е вториот број од јубилејното 70. издание на списанието Матeматички Билтен, 44 (LXX) 2 (2020). 

Заинтересираните можат да го погледнат на официјалната интернет страница, т.е. на следниот линк: 2011-2020 – МАТЕМАТИЧКИ БИЛТЕН (smm.org.mk)  или Latest Issues – МАТЕМАТИЧКИ БИЛТЕН (smm.org.mk)

Во оваа прилика Ве покануваме да поднесете свој оригинален научен труд за објавување во некој од следните два броја за 2021 година: Книга 45 (LXXI) 1 (2021) и Книга 45 (LXXI) 2 (2021). Списанието објавува оригинални научни трудови од чиста и применета математика од следниве области: алгебра, анализа, топологија, применета диференцијална геометрија и примена во гравитација, теорија на апроксимации, теорија на графови, диференцијални равенки, динамички системи, математичка оптимизација, теорија на веројатност, математичка статистика и нејзина примена во разни области, како на пример, во финансии, моделирање итн.  Меѓународниот уредувачки одбор гарантира за квалитетот на објавените трудови. Мат. Билтен е индексиран/рефериран во следните бази: Mathematical Reviews (MathSciNet), Zentralblatt fur Mathematik, Реферативный журнал “Математика”, EBSCO, Crossref, Publons, Google Scholar, WorldCat, Semantic Scholar.

Весна Целакоска-Јорданова,
Главен и одговорен уредник на Математички Билтен