Општински натпревар по математика

Почитувани,

во пресрет на одржувањето на општинскиот натпревар по математика за учениците од основното и средното образование, дозволете да ве информираме подетално за текот на натпреварот:

  • Почетокот на натпреварот е во 10 часот, на 20.02.2021 година, сабота;
  • Пристапот до задачите се реализира со посредство на посебна веб страна која ќе биде објавена во сабота во 9:55 часот

ОВДЕ

  • Секој ученик врши избор на своето одделение/клас и наставниот јазик на кој ја следи наставата по математика;
  • Откако е направен тој избор, се внесуваат основните податоци на ученикот;
  • Бројот на задачи и времето за работа се разликуваат кај учениците од основното и средното образование (12 задачи за 120 минути за основно, а 20 задачи за 150 минути за средно);
  • На крајот на натпреварот, задолжително треба да се избере SUBMIT (Можна е појава на верификацијата-I’m not a robot).
Прочитај повеќе

Список на пријавени учесници за општинскиот натпревар по математика

Почитувани,

го објавуваме списокот на пријавени учесници на општинскиот натпревар по математика за:

Ве молиме, сите забелешки во однос на податоците од овој список испратете ги на sojuz.na.matematicari@gmail.com, најдоцна до 12 часот во петок, 19.02.2021 година.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани,

поради огромен интерес за учество на опшинскиот натпревар по математика за учениците од основното и средното образование, рокот за пријавување го продолжуваме до вторник, 16.02.2021 година до 23 часот и 59 минути.

Листата со пријавени учесници ќе ја објавиме во среда, 17.02.2021 година и сите забелешки ќе може да ги испратите до четврток, 18.02.2021 година до 23 часот и 59 минути.…

Прочитај повеќе

Излезе од печат „Нумерус“ бр.46-2

Почитувани,

Ве известуваме дека вториот број на списанието Нумерус излезе од печат и веќе делумно е дистрибуирано до вас читателите.

Уживајте во темите и задачите кои Уредувачкиот одбор на ова списание ги подготви за Вас!

Ваш СММ! …

Прочитај повеќе

Објавен е вториот број на Математички Билтен за 2020 година

Почитувани колеги,

Објавен е вториот број од јубилејното 70. издание на списанието Матeматички Билтен, 44 (LXX) 2 (2020). 

Заинтересираните можат да го погледнат на официјалната интернет страница, т.е. на следниот линк: 2011-2020 – МАТЕМАТИЧКИ БИЛТЕН (smm.org.mk)  или Latest Issues – МАТЕМАТИЧКИ БИЛТЕН (smm.org.mk)

Во оваа прилика Ве покануваме да поднесете свој оригинален научен труд за објавување во некој од следните два броја за 2021 година: Книга 45 (LXXI) 1 (2021) и Книга 45 (LXXI) 2 (2021).…

Прочитај повеќе

ПОТСЕТУВАЊЕ

Почитувани ученици, родители и ментори

ве потсетуваме дека сеуште трае пријавувањето за општинските натпревари и ПИ-ДЕН.

Крајниот рок за пријавување учесници на општинскиот натпревар за учениците од основното и средното образование е 12.02.2021 година, петок.

Пријавувањето за ПИ-ДЕН завршува на 6.03.2021 година, сабота.

Повеќе детали за начинот на реализација на секој од натпреварите ќе најдете на:

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Успешна реализација на проектот за математичките кружоци Гази Баба

Во текот на првото полугодие од учебната 2020/2021 година, Сојузот на математичари на Македонија го реализираше проектот „Математика за сите – математички кружоци за учениците од основните училишта“, поддржан од општина Гази Баба. Во проектот учествуваа наставници по математика и ученици од сите основни училишта во општина Гази Баба. Целта на проектот беше учениците кои имаат посебен интерес за математика, да имаат можност да ги прошират математичките знаења и да се стекнат со нови математички вештини.

Прочитај повеќе

Информации за натпреварите за основно образование 2020/2021

Почитувани ученици, колеги и родители, во прилог се информациите за општинскиот и регионалниот натпревар по математика за учениците од основните училишта во учебната 2020/2021 година.

Вашите поединечни прашања може да ги доставувате на smm.osnovno@gmail.com до претседателот на комисијата за општински, регионални и државни натпревари за основно образование, Трајче Ѓорѓијевски и до претседателот на СММ, проф.…

Прочитај повеќе

Голем интерес за Олимписката школа-Александар Блажевски-Цане

Почитувани,

поради зголемен интерес, СММ одлучи да го прошири списокот на поканети за Олимписката Школа АЛЕКСАНДАР БЛАЖЕВСКИ – ЦАНЕ.

Листата на поканети ученици е следната, а секој од нив треба да го потврди своето учество.

Рокот за пријавување е продолжен до 18 часот во петок, 22. 01.2021 година. 

Повеќе информации за Школата можете да добиете на следниот линк.…

Прочитај повеќе

Информации за натпреварите за средно образование 2020/2021

Почитувани ученици, колеги и родители, во прилог се информациите за општинскиот и регионалниот натпревар по математика за учениците од средните училишта во учебната 2020/2021 година.

Вашите поединечни прашања може да ги доставувате на smm.sredno@gmail.com до претседателот на комисијата за општински, регионални и државни натпревари за средно образование, проф. д-р Анета Гацовска – Барандовска и до претседателот на СММ, проф.…

Прочитај повеќе