Почитувани,
На 3.07.2023 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, се одржа изборно собрание, на кое се избра новото раководство на СММ. Следните четири години со СММ ќе раководи д-р Ѓорѓи Маркоски, редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Членови на Управниот одбор(УО), по азбучен ред се:
- Д-р Делчо Лешковски, доцент на Интернационалниот балкански универзитет во Скопје
- Јасмина Костова Папалазова, професор по математика при СОУ„Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија
- Д-р Мирко Петрушевски, вонреден професор на Машинскиот факултет во Скопје
- Д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева, редовен професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје
- Петар Филиповски, професор по математика при ООУ„Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје
- Зоран Штерјов, професор по математика при СОУ„Наум Наумовски-Борче“ во Пробиштип
Членови на Надзорниот одбор (НО), по азбучен ред се:
- Слаѓана Настовска, професор по математика при ООУ„Ѓорѓија Пулевски“ во Скопје
- Виктор Симјановски, САД
- Мира Ташкова, професор по математика при ССОУ„Коле Неделковски“ во Велес
На Собранието беше доделена плакета на Трајче Ѓорѓиевски за посебен придонес во развојот на наставата по математика.…
Прочитај повеќе