Викендов се одржа Вториот меморијален математички натпревар во знак на прерано починатиот македонски математичар и олимпиец Александар Блажевски – Цане. Учество зедоа 15 од најдобрите македонски натпреварувачи, а конкуренцијата ја збогатија и 6 од најдобрите српски натпреварувачи.
Во прилог се задачите со официјалните решенија и распределба на поени, прелиминарните резултати како и неколку фотографии кои ја доловуваат атмосферата од текот на натпреварот.…
Категорија: Натпревари
Натпревари 2020/2021
Во врска со натпреварите по математика во учебната 2020/2021 година, Управниот одбор на СММ донесе одлука:
- Општинските и регионалните натпревари за учениците од основно и средно образование ќе се одржат електронски
- Државните натпревари за учениците од основното и средното образование, ќе се реализираат со физичко присуство, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Втор меморијален натпревар
Почитувани натпреварувачи,
Ве известуваме дека второто издание на меморијалниот математички натпревар во чест на прерано починатиот голем македонски математичар Александар Блажевски-Цане ќе се одржи на 9-10 јануари 2021 година.
Ги покануваме да учествуваат учениците кои оваа учебна година се во основно или средно образование и освоиле медал или пофалба на барем еден од следните четири натпревари: Првиот меморијален натпревар, ММО 2020, ЈММО 2020, ЕГМО 2020.…
Прочитај повеќеОгромен успех на нашата екипа на БМО 2020
Почитувани,
заврши 37-та Балканска математичка олимпијада, која виртуелно се одржа од 31.10.2020 до 05.11.2020. Овогодишна земја-домаќин на балканијадата беше Романија и учествуваа 17 држави – 10 балкански држави учеснички, и осум гостински тимови.
Македонија ја претставуваа следните ученици:
- Никола Спировски – 30 поени (сребрен медал)
- Дамјан Давков – 23 поени (бронзен медал)
- Алек Јармов – 21 поен (бронзен медал)
- Лука Грашкоски – 20 поени (бронзен медал)
- Кристина Тасева – 12 поени (пофалница)
- Бојан Димовски – 7 поени
Водач на тимот беше Никола Велов, а заменик водач Борче Јошевски.…
Прочитај повеќеБМО 2020
Почитувани,
Би сакале да ви ја претставиме екипата што ќе не претставува виртуелно на Балканската Математичка Олимпијада во Романија.
| натпреварувач | |
| Лука Грашкоски | MKD1 |
| Дамјан Давков | MKD2 |
| Бојан Димовски | MKD3 |
| Кристина Тасева | MKD4 |
| Алек Јармов | MKD5 |
| Никола Спировски | MKD6 |
На нашите натпреварувачи им посакуваме голем успех. Водач на екипата ќе биде Никола Велов, а заменик водач Борче Јошевски.…
Прочитај повеќеИМО 2020
Почитувани,
во периодот од 18.09.2020 до 28.09.2020 се одржа (виртуелно) 61 Меѓународна Математичка Олимпијада. Нашите ученици Лука Грашкоски, Дамјан Давков, Бојан Димовски, Благоја Младенов и Кристина Тасева освоија пофалници. Честитки до сите членови на нашиот тим и уште поголеми успеси во иднина.
Резултатите на нашиот тим се наоѓаат во следната табела:
| Зад.1 | Зад.2 | Зад.3 | Зад.4 | Зад.5 | Зад.6 | Вкупно | |
| MKD1 (Лука Грашкоски) | 7 | 7 | 0 | 0 | 0 | 0 | 14 |
| MKD2 (Алек Јармов) | 3 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 4 |
| MKD3 (Дамјан Давков) | 7 | 1 | 0 | 0 | 1 | 0 | 9 |
| MKD4 (Благоја Младенов) | 7 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 8 |
| MKD5 (Кристина Тасева) | 7 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 7 |
| MKD6 (Бојан Димовски) | 7 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 9 |
Сите детали околу организацијата, церемонијата на отворање и затворање на олимпијадата, задачите и решенијата на официјалната веб страна и овде.…
Прочитај повеќеНајдобрите јуниори на прием во МОН и во резиденцијата на Водно
Почитувани,
екипата која ја претставуваше нашата земја на Јуниорската математичка олимпијада, водачот, заменикот водач и претседателот на СММ во среда, 23.09.2020 година, беа на прием кај Министерката за образование и наука, Мила Царовска, а во четврток, 24.09.2020 година на прием кај претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Во пријатна атмосфера низ срдечен разговор, јуниорите добија признание и пофалби за постигнатиот успех и поддршка за нивните идни планови и активности.…
Прочитај повеќеЈБМО 2020
Почитувани,
Во периодот од 09.09.2020 до 13.09.2020, се одржа (виртуелно) 24. Јуниорска балканска математичка олимпијада ЈБМО 2020. Нашата екипа се состоеше од 8 члена, од кои 6 натпреварувачи, Делчо Лешковски-лидер и Борче Јошевски-заменик лидер на екипата. Постигнати се фантастични резултати, остварен е еден од најголемите успеси на нашата држава на ЈБМО.…
Прелиминарни резултати од ЈММО
Почитувани,
Комисијата за Македонска математичка олимпијада за учениците до 15,5 години (ЈММО) и меѓународни натпревари за учениците до 15,5 години ја изготви прелиминарната ранг листа од JММО 2020.
Од причини што утре е последниот ден за пријавување на нашата екипа на ЈБМО 2020, приговори може да се поднесуваат до недела, 06.09.2020 година, до 11 часот, на dleskovski@gmail.com.…
Прочитај повеќеСе одржа ЈММО
Почитувани,
денес со почеток од 10 часот во просториите на Природно-математичкиот факултет се одржа дваесет и четвртата Јуниорска македонска математичка олимпијада (ЈММО). Настанот се одвиваше во математичкиот амфитеатар со целосно почитување на протоколите за работа при физичко присуство на кандидатите.
Во прилог се задачите и решенијата на задачите како и предлогот за распределба на бодовите.…
Прочитај повеќе