Европската женска математичка олимпијада (EGMO) https://www.egmo.org/ ќе се одржи во периодот од 15.04.2020 до 21.04.2020 година (https://egmo2020.nl/) во Egmond aan Zee, Холандија. За избор на македонската екипа, СММ ќе одржи две квалификациони тестирања на најдобрите натпреварувачки од минатата година на натпреварите по математика за ученички до 18 години.…
Прочитај повеќеКатегорија: Натпревари
За читателите на СИГМА
Почитувани читатели на Сигма,
Заради технички проблеми со печатницата каде што се печати Сигма, списанието ќе излезе од печат после Нова Година. Уредувачкиот одбор на списанието се извинува за ова доцнење.
Како и во претходниот број на списанието, ве покануваме да праќате свои решенија на задачите од рубриките „Задачи“ и „Задачи од училницата“.…
Прочитај повеќеИзвестување за општински натпревар за учениците од средното образование
Почитувани ученици, родители и наставници!
Сојузот на математичари на Македонија, Ве поканува да станете дел од циклусот натпревари за учениците од средното образование, кој започнува на 25.01.2020 година, со општинскиот натпревар.
Сите потребни информации поврзани со овој натпревар се:
Од комисијата за задачи за општински, регионални и републички натпревари за
учениците од средните училишта
Претседател, Д-р Анета Гацовска-Барандовска…
Прочитај повеќеРезултати од Првиот меморијален математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“
Сите информации околу натпреварот може да ги добиете од Претседателот на комисијата, Д-р Мирко Петрушевски на mirko.petrushevski@gmail.com
ПРВ МЕМОРИЈАЛЕН НАТПРЕВАР „АЛЕКСАНДАР БЛАЖЕВСКИ-ЦАНЕ“
Во знак на почит кон нашиот прерано починат колега Александар Блажевски, денеска (17.11.2019) во математичкиот амфитеатар при ПМФ-Скопје се одржа Првиот Меморијален Математички Натпревар „Александар Блажевски – Цане“. Учество на натпреварот зедоа најдобрите 24 млади македонски натпреварувачи, оние кои се покажаа како најуспешни во минатогодишниот циклус на натпревари организирани од СММ.…
Прочитај повеќеМеморијален математички натпревар Александар Блажевски-Цане
Почитувани ученици,
Сојузот на математичари на Македонија одлучи да организира меморијален математички натпревар во чест на прерано починатиот голем македонски математичар Александар Блажевски-Цане.
На натпреварот ќе учествуваат учениците кои во оваа учебна година се во основно или средно образование и: освоиле медал/пофалба на ММО 2019 година, или златен/сребрен медал на ЈММО 2019 година, или биле дел од национален тим на некој меѓународен математички натпревар (ЈБМО, БМО, ЕГМО, или ИМО). …
Прочитај повеќеТЕРМИНИ ЗА НАТПРЕВАРИ 2019/2020
На 16 септември 2019 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје, претставниците на Друштвото на физичарите на Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на математичарите на Македонија (СММ) и Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), кои се акредитирани од МОН за натпревари за учениците од основните и средните училишта по предметите физика, хемија, биологија, природни науки, математика и информатика утврдија заеднички календар за натпреварите за учебната 2019/20 година.…
Прочитај повеќеПретседатели на комисии
На состанокот на УО од 19.08.2019 избрани се следните претседатели на комисии:
Д-р Анета Гацовска-Барандовска, доцент на Институтот по математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, за претседател на комисијата за задачи за натпревари (заклучно со државниот натпревар) за средно образование
Контакт: agacovska@gmail.com
Трајче Ѓорѓијевски, советник по математика, раководител на одделението за наставни планови и програми при БРО, за претседател на комисијата за задачи за натпревари (заклучно со државниот натпревар) за основно образование
Контакт: tgorgijevski@yahoo.com
Д-р Мирко Петрушевски, доцент на Машинскиот факултет во Скопје, за претседател на комисијата за Македонска математичка олимпијада и за меѓународни натпревари за средно образование
Контакт: mirko.petrushevski@gmail.com
Д-р Делчо Лешковски, доцент на Интернационалниот балкански универзитет во Скопје, за претседател на комисијата за Македонска математичка олимпијада за учениците до 15,5 години и меѓународни натпревари за учениците до 15,5 години
Контакт: dleskovski@gmail.com …
ИМО 2019
ИМО-Интернационалната математичка олимпијада е најпрестижниот математички натпревар во светски рамки.
Сите податоци околу резултатите, освоените медали, задачите и решенијата на досегашните олимпијади може да ги најдете овде.
Во тек е 60-тата ИМО која се одржува во Велика Британија. Во исчекување на резултатите, сите дополнителни информации се овде.…
Прочитај повеќе