Известување за Државниот натпревар за средно образование

Почитувани,

во согласност со новите мерки за справување со пандемијата, СММ одлучи Државниот натпревар по математика за учениците од средното образование, да се одложи за 14 дена.

Според тоа, новите термини за натпреварот се 24.04.2021 год. (сабота) и 25.04.2021 год. (недела). Подетално за распоредот, по години, во овие термини, ќе објавиме дополнително.

Останете во добро здравје!

Ваш СММ!