Конечни резултати од општинскиот натпревар и учесници на регионалниот натпревар

Почитувани,
по разгледување на приговорите ова се конечните резултати од општинскиот натпревар по математика за учениците од основното и средното образование:

Право на учество на Регионалниот натпревар имаат сите ученици кои освоиле најмалку пофалница на општинскиот натпревар.

Учеството на регионалниот натпревар мора да го пријави секој ученик кој сака да учествува. Пријавувањето се врши преку следниве форми:

Ве потсетуваме дека учениците од јавните основни и средни училишта ја внесуваат e-mail адресата од Националната платформа за учење на далечина (на @schools.mk). Учениците од приватните основни и средни училишта ја внесуваат својата сопствена e-mail адреса.
Повратниот одговор ќе го добиете на таа адреса кој ќе служи како доказ за пријавата и за целосната понатамошна комуникација. Рокот за пријавување завршува на 9.03.2021 година во 23:59.

Согласно одлуката на УО на СММ котизацијата за Регионалниот натпревар изнесува 150 денари за 4 и 5 одделение, 200 денари за 6 одделение, а 250 денари за сите останати ученици. При пополнување на формата за пријава пријава мора да се прикачи доказ за извршената уплата на котизација.
Повеќе детали за регионалниот натпревар ќе објавиме наскоро.
Ваш СММ!