ПИ-ДЕН 2025

Почитувани,

Сојузот на математичари на Македонија во чест на меѓународниот ден на математиката, 14 март, организира математички државен електронски натпревар ПИ-ДЕН 2025. 

Натпреварот, ќе се реализира со помош на компјутер, мобилен телефон, таблет или кој било друг уред со чија помош може да пристапите до електронската локација која ќе биде отворена два часа за секоја од категориите, односно:

  • 1 до 5 одделение, има пристап до системот во 10 часот на 16.03.2025 година
  • 6 до 9 одделение, има пристап до системот во 12 часот на 16.03.2025 година
  • I до IV година и 18+, има пристап до системот во 14 часот на 16.03.2025 година

Пријавувањето на натпреварувачите се врши на следниов линк и трае до 12 март 2025 година до 23 часот и 59 минути

Податоци за котизација:
Сојуз на математичари на Македонија
Жиро сметка: 300000001276071,
депонент на Комерцијална банка АД (со назнака „Котизација за ПИ-ДЕН 2025“)

Котизацијата за овој натпревар е 100 денари и треба да се уплати на сметката на СММ до 13 март 2025 година.…

Прочитај повеќе

Резултати од општинскиот натпревар за основно образование

Почитувани,

Во прилог се резултатите по општини и решенијата на задачите од општинскиот натпревар за учениците од основното образование, одржан на 31.1.2025 година.

Право на учество на регионалниот натпревар имаат учениците кои освоиле најмалку 30 поени на општинскиот натпревар.

Надвор од овој критериум на регионалниот натпревар учествуваат првопласираните ученици во општината за секое одделение. …

Прочитај повеќе

Информации за Регионалниот натпревар за средно образование

Почитувани,

XLVIII -от Регионален натпревар по математика за учениците од средните училишта ќе се одржи на 15.02.2025 година, со почеток во 10 часот, во сите региони.

Учениците е потребно да бидат во училиштата домаќини најмалку 30 минути пред почетокот на натпреварот, а во Скопје, пред ПМФ – 45 минути пред почетокот на натпреварот. 

Во прилог се домаќините на регионалниот натпревар за оваа година.…

Прочитај повеќе

Резултати од Општинскиот натпревар за средно образование

Почитувани,

во прилог  се задачите и решенијата и конечната листа со резултатите од општинскиот натпревар за средните училишта, одржан во петокот на 31.01.2025.

Право на учество на Регионалниот натпревар за средно образование имаат сите ученици кои освоиле најмалку 35 поени.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Реакција на членството на СММ по повод предложената концепција

Почитувани,

Ги сумиравме реакциите, предлозите, критиките и сите коментари кои ги испративте по повод предложената концепција за гимназиско образование во еден документ кој е испратен до Бирото за развој на образованието.

Во прилог е текстот на документот.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Конечни резултати од шестиот меморијален натпревар „Александар Блажевски-Цане“

Почитувани,

во прилог се конечните резултати постигнати на Шестиот меморијален математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“, одржан на 25-26.1.2025 година:

Согласно резултатите, македонската екипа за овогодинешната Европска Женска Математичка Олимпијада е следната:

  • МКД 1 Антонела Владева
  • МКД 2 Илина Арсовска 
  • МКД 3 Михаела Смилевска
  • МКД 4 Миша Веселински 

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Пријавени учесници за општинскиот натпревар

Почитувани,

во прилог се списоците на сите пријавени ученици за оптинскиот натпревар по математика за учебната 2024/2025 година:

Упатствата за спроведување на натпреварот се испратени до училишните координатори.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Се одржа шестиот меморијален натпревар – АБЦ

Почитувани,

викендов во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, се одржа шестиот меморијален математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“.

Во прилог се неколку фотографии од настанот, задачите во категориите јуниори односно сениори и официјалните решенија со распределбата на поени.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Шести меморијален натпревар „Александар Блажевски-Цане“

Почитувани натпреварувачи,
Ве потсетуваме дека шестото издание на меморијалниот математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“ ќе се одржи претстоечкиот викенд, на 25-26 јануари 2025 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Поканетите учесници ги очекуваме пред факултетската зграда најдоцна до 9:30 часот. Почетокот е во 10 часот.

Во име на Комисијата за ММО и меѓународни натпревари за средно образование
Мирко Петрушевски

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе