Решенија на задачите од регионалниот натпревар за основно образование

Почитувани,

решенијата на задачите и распределбата на бодови според комисиите за задачи за одделенска и предметна настава се овде.

Централната комисија при СММ, ја започна својата работа.

Во наредните десетина дена ќе бидат објавени прелиминарните листи.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Конечна листа со домаќини за регионалниот натпревар за основно образование

Почитувани,

заврши изборот на домаќините за регионалниот натпревар за основно образование.

Натпреварот ќе се одржи на  2.3.2024 година, сабота, со почеток од 10 часот. Сите ученици треба да бидат во соодветните училишта меѓу 9.00 – 9.30 часот.

Упатствата се веќе дистрибуирани до сите регионални координатори и се е подготвено за реализирање на натпреварот.…

Прочитај повеќе

Завршија подготовките за регионалниот натпревар за средно образование

Почитувани,

конечно се познати сите училишта кои се домаќини на регионалниот натпревар по математика за учениците од средното образование.

училишта домаќини 2024

Натпреварот ќе се одржи на  2.3.2024 година, сабота, со почеток од 10 часот. Сите ученици треба да бидат во соодветните училишта меѓу 9.00 – 9.30 часот.

Упатствата се веќе дистрибуирани до сите регионални координатори и се е подготвено за реализирање на натпреварот.…

Прочитај повеќе

Училишта домаќини за регионалниот натпревар за основно образование

Почитувани,

ова е списокот

 на домаќини за Регионалниот натпревар по математика за учениците од основно образование, кој ќе се одржи на 2.3.2024 година, сабота, со почеток од 10 часот.

Ги повикуваме училиштата од регионите во кои нема пријавено домаќини да се пријават до 25.2.2024 година, за да може натпреварот да се одржи. 

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Училишта домаќини за регионалниот натпревар за средно образование

Почитувани,

во прилог е список на домаќини за Регионалниот натпревар по математика за учениците од средно образование, кој ќе се одржи на 2.3.2024 година, сабота, со почеток од 10 часот.

Во регионите во кои нема пријавени домаќини, СММ го задржува правото да ги повика учениците да го одржат натпреварот на друго место, без разлика колку е тоа оддалечено од регионот.…

Прочитај повеќе

ПИ-ДЕН 2024

Почитувани,

Државниот електронски натпревар ПИ-ДЕН ќе се одржи на 16.03.2024 година, сабота, со почеток во 10 часот.

Задачите имаат логички карактер, одговараат на возрасната група на која се однесуваат и организирани се во три групи со различна тежина од 1, 2 и 3 поени, соодветно. (подетално)

Натпреварот трае 90 минути. Секој пријавен учесник на натпреварот ќе добие сертификат за учество и потврда за постигнатиот успех.…

Прочитај повеќе

Информации за регионалниот натпревар за средно образование

Почитувани,

Регионалниот натпревар за учениците од средното образование ќе се одржи на 2.03.2024, со почеток во 10.00 часот. Учениците треба да се во училиштето домаќин меѓу 9.00 – 9.30 часот.

Училиштата-домаќините и регионалните координатори ќе бидат објавени наскоро на официјалната страна на СММ.

Повеќе детали околу организацијата и реализацијата може да најдете овде.…

Прочитај повеќе

Информации за регионалниот натпревар за основно образование

Почитувани,

Регионалниот натпревар по математика за основно образование ќе се одржи на 02.03.2024 година, сабота, со почеток од 10 часот.

Дополнителните информации поврзани со организирањето и реализирањето на натпреварот се содржани во следното:

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Излезе првиот број на е-списанието „Диофант“

Драги ученици и наставници,

Во учебната 2023/2024 година, Сојузот на математичари на Македoнија започна со реализација на нова активност – Школа за млади математичари, во соработка со Математичкиот клуб „Диофант“ од Ваљево, Србија. Во план е задачите кои се работат на Школата за млади математичари да се објавуваат во електронско списание „Диофант“ кое ќе излегува повремено и по потреба и ќе биде со слободен пристап.…

Прочитај повеќе

Заврши општинскиот натпревар за основно и средно образование

Почитувани,

општинскиот натпревар по математика за основно и средно образование се одржа на 2.02.2024 година. Во прилог се задачите, решенијата и конечните резултати по општини и региони.

Резултатите по одделенија/класови и општини се следните:

Право на учество на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 2.03.2024 остварија сите ученици со освоени најмалку 40 поени.…

Прочитај повеќе