Интервју…

Почитувани,

деновиве сме под силни импресии од одржаното годишно собрание кое го искористивме да споделиме информации за минатите активности и да се подготвиме за реализација на идните планови. Посебно не радува вниманието со кое новинарите во независната платформа umno.mk ги следеа сите активности на СММ и несебично ве информираа за сите наши реализирани проекти.…

Прочитај повеќе

Годишно собрание на СММ

Почитувани,

редовното собрание на СММ ќе се одржи на 25 септември 2021 год. (сабота) со почеток во 11 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје со почитување на мерките и протоколите за безбедност од Covid 19.

Врз основа на член 12 и член 19 од Статутот на СММ, право на одлучување на Собранието ќе имаат само присутните членови на Собранието кои имаат платено членарина. 

Потврдата за членарина и поканата за ова собрание се испратени на e-мail адреси на членовите.…

Прочитај повеќе

Две сребра, една бронза и пофалница на БМО 2021!

Почитувани,

Чест и задоволство ни е да ве известиме за уште еден голем успех на македонската репрезентација на БМО 2021!

На овогодинешната олимпијада за прв пат во последните 15 години се освоени два сребрени медали и тоа од Никола Спировски и Лука Грашкоски. Бронзениот медал за нашиот тим го освои Јасна Илиева, а со пофалница се здоби Блаже Суклевски.…

Прочитај повеќе

Заврши натпреварувачкиот ден од БМО 2021

Почитувани,

денес со почеток во 10 часот се одржа 38-мата Балканска математичка олимпијада (БМО 2021).

Нашиот тим е во состав: Никола Спировски, Дамјан Давков, Лука Грашковски, Блаже Суклевски, Марија Атанасова и Јасна Илиева. Лидер на тимот е Никола Велов, а заменик лидер Петар Филиповски. Набљудувачи се проф. д-р Мирко Петрушевски и проф.…

Прочитај повеќе

Теми на Есенската математичка школа 2021

Сојузот на математичари на Македонија во месеците октомври, ноември и декември организира Есенска математичка школа 2021 за учениците од основните и средните училишта во државата. Темите и предавачите на Школата се:

  • 4 одд.
    Логички задачи, проф. д-р Ирена Стојковска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    Загатки со броеви, Благица Милисова, професор по математика, ООУ „Браќа Миладиновци“, Пробиштип
  • 5 одд.
Прочитај повеќе

Најава за Есенската математичка школа 2021 и пријавување учество

Ве известуваме дека Сојузот на математичари на Македонија, во текот на месеците октомври и ноември 2021 година, организира Есенска математичка школа 2021 наменета за учениците од 4 до 9 одделение од основните училишта и за учениците од 1 до 4 година од средните училишта од целата држава. Школата е наменета за сите ученици кои ја сакаат математиката и сакаат да ги откриваат убавините на математиката со продлабочување на постоечките знаења и стекнување нови знаења и вештини.…

Прочитај повеќе

Избран е тимот за БМО 2021

Почитувани,

избран е тимот кој ќе нé претставува на БМО 2021, која што ќе се одржува виртуелно во периодот 6-10 Септември во организација на Кипарското математичко друштво.

Во прилог е табелата со распределба на бодовите според подготвениот Правилник за ММО и изборни тестови за меѓународни натпревари. Првопласираните шест се стекнаа со право за учество на балканијадата.…

Прочитај повеќе

Прелиминарни резултати од изборниот тест 2

Почитувани,

во прилог се прелиминарните резултати од изборниот тест за БМО 2021 кој се одржа вчера, 18.08.2021 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Приговори може да се поднесат до утре, 20.08.2021 година до 9 часот.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Се одржа изборниот тест за БМО 2021

Почитувани,

денес се одржа изборниот тест со чија помош ќе се одреди екипата за БМО 2021. Повеќе информации околу начинот на формирање на екипата ќе најдете овде.

Во просториите на Природно математичкиот факултет, со почеток од 10 часот, присутните ученици, решаваа 4 задачи за 270 минути. Притоа се запазија сите COVID-19 протоколи.…

Прочитај повеќе

Изборен тест за БМО 2021

Почитувани,

изборниот тест за македонската екипа на БМО 2021 ќе се одржи на 18.08. 2021 година (среда) во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Притоа, ќе бидат запазени сите COVID-19 протоколи.

Учесниците треба да бидат пред факултетската зграда најдоцна во 9 часот и 30 минути. Натпреварот ќе започне во 10 часот.…

Прочитај повеќе