Се одржа ЈММО 2021

Почитувани,

денес во просториите на ПМФ со почеток во 10 часот се одржа дваесет и петтата Јуниорската Македонска Математичка Олимпијада (ЈММО 2021).

Учесници на овој натпревар се сите учениците кои се:

  • седмо одделение и на државниот натпревар освоиле најмалку втора награда
  • осмо одделение и на државниот натпревар освоиле најмалку втора награда
  • деветто одделение и на државниот натпревар освоиле најмалку трета награда
  • средношколци и на државниот натпревар за средно образование имаат најмалку трета награда и се родени на или подоцна од 24 Декември 2005 година.
Прочитај повеќе

Избран е олимпискиот тим!

Почитувани,

избран е олимпискиот тим кој ќе не претставува на ИМО 2021!

Во прилог е табелата со распределба на бодовите според подготвениот Правилник за ММО.

Во пресрет на олимпијадата, само накусо потсетување на дел од сценариото кое е планирано од страна на домаќините на овој виртуелен настан:

  • активностите за лидерот и неговиот заменик започнуваат на 16.07.2021 година и траат до 24.07.2021 година
  • церемонијата на отворањето ќе биде на 18.07.2021 година
  • натпреварувањето се реализира во два дена, 19.07.2021 година и 20.07.2021 година

Останатите аспекти поврзани со техничкиот дел од организацијата и поддршката на олимпијците, подетално може да ги прочитате овде.…

Прочитај повеќе

Прелиминарни резултати од изборниот тест

Почитувани,

заврши прегледувањето на решенијата на задачите од изборниот тест за ИМО 2021.

Во прилог е листата со прелиминарни резултати по задачи.

Приговорите на прелиминарните резултати испратете ги до комисијата за Македонска математичка олимпијада и за меѓународни натпревари за средно образование на mirko.petrushevski@gmail.com до утре, 31.05.2021 година, понеделник, во 22 часот.…

Прочитај повеќе

Задачи за изборниот тест за ИМО 2021

Почитувани,

заврши изборниот тест за формирање екипа која ќе не претставува на ИМО 2021 ( 62nd International Mathematical Olympiad Saint-Petersburg Russia (imo2021.ru).

Во прилог се задачите кои имаат олимписка тежина и карактер, а натпреварувачите ги решава во овие два натпреварувачки дена:

Во пресрет на прелиминарните резултати од оваа селекција на кандидатите, погледнете ги и решенијата на задачите.…

Прочитај повеќе

Дополнителна информација за ЈММО 2021

Почитувани,

со оглед на тоа што се појави совпаѓање на датумот за реализација на ЈММО 2021 и тековните натпревари по физика во организација на ДФРМ, а во интерес на што поскоро формирање на тим кој ќе не претставува на меѓународните натпревари, СММ одлучи да го помести датумот на одржување од 5.06.2021 година, сабота, за 8.06.2021 година, вторник, со почеток во 10 часот.…

Прочитај повеќе

Информација за ЈММО 2021

Почитувани,

ве известуваме дека Јуниорската Македонска Математичка Олимпијада (ЈММО 2021) ќе се одржи на 5 јуни 2021 година со почеток во 10 часот. 

Право на учество имаат сите ученици од:

  • седмо одделение, кои на државниот натпревар освоиле најмалку втора награда
  • осмо одделение, кои на државниот натпревар освоиле најмалку втора награда
  • деветто одделение, кои на државниот натпревар освоиле најмалку трета награда
  • државниот натпревар за средно образование, кои имаат најмалку трета награда и се родени на или подоцна од 24 Декември 2005 година.
Прочитај повеќе

Изборен тест за ИМО 2021

Почитувани,

изборниот тест за македонската екипа на ИМО 2021 ќе се одржи на Природно-математичкиот факултет во Скопје во двата дена од претстоечкиот викенд: сабота 29.05 и недела 30.05.

Секој ден натпреварот ќе започнува во 10 часот и 30 минути.

Учесниците треба да бидат пред факултетската зграда најдоцна во 9 часот и 45 минути.…

Прочитај повеќе

Резултати од државниот натпревар за основно образование

Почитувани,

заврши 46. Државен натпревар по математика за учениците од основното образование!

Конечните резултати по одделенија се следните:

Државните прваци по одделенија се: 

  • Јаков Геговски од ООУ Јохан Хајнрих Песталоци, Скопје за шесто одделение
  • Петар Антиќ од ООУ Љубен Лапе, Скопје за седмо одделение
  • Леонид Тодороски од ООУ Григор Прличев, Охрид за осмо одделение
  • Алексиј Тасиќ од ООУ Ѓорѓија Пулевски, Скопје за деветто одделение

Од комисијата за општински, регионални и државни натпревари за учениците од основното образование

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Конечни резултати ММО2021

Почитувани,
во прилог се конечните резултати од 28. Македонска математичка олимпијада.

Честитки до сите учесници за прикажаните знаења. 

Тестот за избор на македонската екипа за ИМО 2021 ќе се одржи следниот викенд, 29-30. 05, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Подетални информации во текот на следната седмица.

Ваш СММ! …

Прочитај повеќе

Прелиминарни резултати од Државниот натпревар за основно образование 2021

Почитувани,

Комисијата за задачи за натпревари (заклучно со државниот натпревар) за основно образование ја изготви листата со прелиминарни резултати од постигнатиот успех на учениците од основното образование:

Поднесувањето приговори кон оваа листа може да се реализира преку пополнување на следната форма за приговори.…

Прочитај повеќе