Информации за VII Македонски математички конгрес

Почитувани колеги и пријатели,

Поради пандемијата COVID-19, решивме да го одложиме VII Македонски
математички конгрес, кој требаше да се одржи од 16 до 20 септември во
Струга.

Конгресот е презакажан за 2021 година. Новите датуми за Конгресот ќе ги
објавиме наредните месеци, затоа ве молиме следете ја нашата официјална
веб-страница.

Ви посакуваме да останете во добро здравје.…

Прочитај повеќе

VII Македонски математички конгрес

Почитувани колеги,

Ни претставува особено задоволство да Ве поканиме на VII Македонски математички конгрес, организиран од Сојузот на математичари на Македонија. Следната 2020 година, одбележуваме двоен јубилеј – 70 години од основањето на Сојузот на математичари на Македонија и 70 години од постоењето на списанието Математички Билтен. Конгресот ќе се одржи во хотел Дрим во Струга, од 16 до 20 септември 2020 година.…

Прочитај повеќе

Програма на Меѓународната конференција за образованието по математика, физика и сродни науки, 27-28 септември 2019, Скопје

Програмата на Меѓународната конференција за образованието по математика, физика и сродни науки, 27-28 септември 2019, Скопје е објавена и може да ја најдете на страницата на Конференцијата во Конференции. …

Прочитај повеќе

Меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки

Сојузот на математичари на Македонија се приклучува кон повикот на Друштвото на физичарите и Природно-математичкиот факултет со Институтите за математика и физика за масовна и плодна заедничка активност во рамките на Меѓународната конференција која ќе се одржи на 27-28 септември 2019 на ПМФ.

Главните придобивки од оваа конференција се однесуваат на подигнување на општествената свест за реално согледување на состојбите во кои се наоѓа македонското образование и предизвиците во насока на негово зајакнување и подобрување.…

Прочитај повеќе