Конференции

Најнови вести за научните собири

Четврта меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки, 24-26 ноември 2023 година, ПМФ, Скопје

Почитувани колеги,

По четврти пат, ДФРМ и СММ, заедно со Природно – математичкиот факултет и Институтите за физика и математика, ја организираат Меѓународната конференција за образованието по математика, физика и сродни науки, која ќе се одржи во просториите на ПМФ – Скопје, во периодот 24 – 26.11.2023.

Организатори                  
Друштво на физичарите на Република Македонија (ДФРМ)
Сојуз на математичари на Македонија (СММ)
Природно-математички факултeт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Јазик на конференцијата             
англиски и македонски

Време на одржување                   
24 – 26 ноември 2023

Место на одржување                    
Природно-математички факултет во Скопје

Котизација                                      
1200 денари за членови на СММ, ДФРМ и наставници по физика од Република Србија и Република Бугарија
1800 денари (за друг наставен кадар од основните и средните училишта)
2400 денари (за универзитетски кадар, вработени во образовни институции и други)

Важни датуми (крајни рокови за испраќање)
Пријава за учество (вклучува наслов и апстракт – google форма)* 12.11.2023
Плаќање котизација 12.11.2023
Готов труд** 24.12.2023         

*За пријавување пополнете ја следната google форма: https://forms.gle/3TAGnFKdvfUohfrx7
Сите прашања за конференцијата и изготвените трудови се испраќаат на komfsn@gmail.com
**Само презентираните трудови на конференцијата ќе бидат објавени во Зборникот на трудови на конференцијата. Програмскиот одбор го задржува правото дел од пријавените учесници да ги префрли во постер секција заради оптимизирање на програмата на конференцијата.

Контакти:
Проф. д-р Анета Гацовска – Барандовска,          070 260 811, agacovska@gmail.com
Проф. д-р Боце Митрески,                                      078 278 545, bocemitrevski@gmail.com

ПРВО СООПШТЕНИЕ (pdf)

ВТОРО СООПШТЕНИЕ (pdf)

ТРЕТО СООПШТЕНИЕ (pdf)/ THIRD ANNOUNCEMENT (pdf)

Урнек за труд (Template)

ПРОГРАМА

VII Македонски математички конгрес,
27-30 јуни 2023, Струга

Почитувани колеги,

Ни претставува посебно задоволство да Ве поканиме на VII Македонски математички конгрес, во организација на Сојузот на математичарите на Македонија. 
Конгресот ќе се одржи во Хотел Дрим, Струга, во периодот 27 –30 јуни, 2023 година.
Ова е одлична можност за истражувачи од различни области на математиката да дискутираат за напредокот во науката, да споделуваат идеи и да ја промовираат меѓународната соработка.
Повеќе информации за VII Конгрес може да најдете на официјалната интернет страна на конгресот:  https://congress.smm.org.mk 
Првото соопштение за конгресот може да го најдете и овде.

Меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки,
6-8 мај 2022, Скопје

Почитувани,

Во периодот од 6-8 мај 2022 година, ќе се одржи Меѓународната конференција за образование по математика, физика и сродни науки, во организација на:

  • Сојуз на математичари на Македонија (СММ)
  • Друштво на физичарите на Република Македонија (ДФРМ)
  • Институт за математика при ПМФ во Скопје
  • Институт за физика при ПМФ во Скопје
  • Природно-математички факултeт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Важни датуми (крајни рокови за испраќање)

  • 15.04.2022 – Пријава за учество (вклучува наслов и апстракт – google форма)*
  • 15.04.2022 – Плаќање котизација
  • 05.06.2022 – Готов труд*    

Рокот за пријавување се продолжува до 20.04.2022.

          *За пријавување пополнете ја следната google форма:   ПРИЈАВА   

Котизација                                           

  • 600 денари за членови на СММ, ДФРМ и наставници по физика од Република Србија и Република Бугарија
  • 900 денари (за друг наставен кадар од основните и средните училишта)
  • 1200 денари (за универзитетски кадар, вработени во образовни институции и други)

Сите прашања за конференцијата и изготвените трудови се испраќаат на komfsn@gmail.com

Само презентираните трудови на конференцијата ќе бидат објавени во Зборникот на трудови на конференцијата.

Контакти:
проф. д-р Ламбе Барандовски,                070 232 840, barandovski@gmail.com            
м-р Милена Мицковска,                              02 3249 658, milena.kuzmanoska@gmail.com

Прво соопштение (pdf)

Второ соопштение (pdf) / Second Annoincement (pdf) / Урнек за труд (Temlate) (doc)

Трето соопштение (pdf)

Програма (pdf)

VII Македонски математички конгрес,
16-20 септември 2020, Струга

Почитувани колеги,

Ни претставува особено задоволство да Ве поканиме на VII Македонски математички конгрес, организиран од Сојузот на математичари на Македонија. Следната 2020 година, одбележуваме двоен јубилеј – 70 години од основањето на Сојузот на математичари на Македонија и 70 години од постоењето на списанието Математички Билтен. Конгресот ќе се одржи во хотел Дрим во Струга, од 16 до 20 септември 2020 година. Тој претставува одлична можност за истражувачите од различни области на математиката да дискутираат за нивните достигнувања, да споделат идеи и да промовираат меѓународна соработка. Програмата на Конгресот ќе опфаќа пленарни предавања, кратки соопштенија во научните секции, но и обука за наставниците од основното и средното образование. Повеќе информации на http://7mmc2020.smm.org.mk/ 

(КОНГРЕСОТ Е ОДЛОЖЕН ЗАРАДИ ПАНДЕМИЈАТА СО COVID-19)

Меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки,
27-28 септември 2019, Скопје

Меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки ќе се одржи во Скопје на 27-28 септември 2019 во организација на:

  • Друштво на физичарите на Република Македонија (ДФРМ)
  • Институт за математика при ПМФ во Скопје
  • Институт за физика при ПМФ во Скопје
  • Природно-математички факултeт, УКИМ
  • Сојуз на математичарите на Македонија (СММ)

Трето соопштение

Програма

Подетално овде.