Информации за VII Македонски математички конгрес

Почитувани колеги и пријатели,

Поради пандемијата COVID-19, решивме да го одложиме VII Македонски
математички конгрес, кој требаше да се одржи од 16 до 20 септември во
Струга.

Конгресот е презакажан за 2021 година. Новите датуми за Конгресот ќе ги
објавиме наредните месеци, затоа ве молиме следете ја нашата официјална
веб-страница.

Ви посакуваме да останете во добро здравје.

Организациски одбор на VII Македонски математички конгрес