VII Македонски математички конгрес

Почитувани колеги,

Ни претставува особено задоволство да Ве поканиме на VII Македонски математички конгрес, организиран од Сојузот на математичари на Македонија. Следната 2020 година, одбележуваме двоен јубилеј – 70 години од основањето на Сојузот на математичари на Македонија и 70 години од постоењето на списанието Математички Билтен. Конгресот ќе се одржи во хотел Дрим во Струга, од 16 до 20 септември 2020 година. Тој претставува одлична можност за истражувачите од различни области на математиката да дискутираат за нивните достигнувања, да споделат идеи и да промовираат меѓународна соработка. Програмата на Конгресот ќе опфаќа пленарни предавања, кратки соопштенија во научните секции, но и обука за наставниците од основното и средното образование. Повеќе информации на http://7mmc2020.smm.org.mk/