
Во текот на првото полугодие од учебната 2020/2021 година, Сојузот на математичари на Македонија го реализираше проектот „Математика за сите – математички кружоци за учениците од основните училишта“, поддржан од општина Гази Баба. Во проектот учествуваа наставници по математика и ученици од сите основни училишта во општина Гази Баба. Целта на проектот беше учениците кои имаат посебен интерес за математика, да имаат можност да ги прошират математичките знаења и да се стекнат со нови математички вештини.