ПИ-ДЕН 2021

Почитувани,

Сојузот на математичари на Македонија во чест на меѓународниот ден на математиката, 14 март, организира математички државен електронски натпревар ПИ-ДЕН

Натпреварот, ќе се реализира со помош на компјутер, мобилен телефон, таблет или кој било друг уред со чија помош може да пристапите до електронската локација која ќе биде отворена два часа за секоја од категориите:

  • 1 одделение
  • 2 одделение
  • 3 одделение
  • 4 и 5 одделение
  • 6 и 7 одделение
  • 8 и 9 одделение
  • I и II година
  • III и IV година
  • 18+

Пријавувањето на натпреварувачите се врши на следниов линк и трае до 6 март 2021 година до 23 часот и 59 минути

Натпреварот започнува во 12 часот и трае 90 минути. Секој пријавен учесник на натпреварот ќе добие сертификат за учество и потврда за постигнатиот успех. Во конечниот пласман ќе има влијание и времето за кое се испратени одговорите на задачите.

Пример за изгледот на дел од задачите на натпреварот може да видите на следниов линк .

Котизацијата за овој натпревар е 60 денари и треба да се уплати на сметката на СММ. Доказот за извршената уплата треба да се прикачи заедно со пријавата.

Податоци за котизација:
Сојуз на математичари на Македонија
Жиро сметка: 300000001276071,
депонент на Комерцијална банка АД (со назнака „Котизација за ПИ-ДЕН“)

Ваш СММ!