Официјални резултати од Вториот меморијален натпревар и екипа за EGMO 2021

Во прилог се конечните резултати од Вториот меморијален натпревар Александар Блажевски – Цане. Им честитаме на сите натпреварувачи за успешниот настап и прикажаните солидни знаења.

Согласно постигнатите резултати, прикажани во следната табела, натпреварувачкиот дел од македонската екипа на овогодинешната Европска Женска Математичка Олимпијада (EGMO 2021) ќе го сочинуваат:

  • MKD 1 Марија Атанасова
  • MKD 2 Ивона Зикова
  • MKD 3 Јасна Илиева
  • MKD 4 Емилија Николовска

Водач на екипата e Д-р Анета Гацовска-Барандовска, а заменик-водач е Ерблина Зеќири. 
Да им посакаме УСПЕХ!

На дел од присутните натпреварувачи им беа доделени дипломите и медалите од минатогодишните олимпијади ММО, ЈММО, ЈВМО, ВМО и ИМО. Церемонијата на доделувањето низ сликите подолу:

Ваш СММ!