Известување за првиот ден на Есенската математичка школа 2023

Драги ученици,

Во сабота на 14.10.2023 година започнува Есенската математичка школа 2023 во организација на Сојузот на математичари на Македонија. Од 8.15 до 9.00 часот е планирана регистрација на учениците во холот во приземјето на горната зграда на Природно-математичкиот факултет во Скопје (локација на Google Maps). Од 9.00 до 9.45 часот е отварањето на школата во Математичкиот амфитеатар М121 (на првиот кат). Предавањата на школата се од 10.00 до 14.00 часот.

Во продолжение се списокот на пријавени ученици, деталната програма за 14.10.2023 година, распоредот на учениците по простории и потребниот прибор за работа:

Ви посакуваме успешна математичка школа, стекнување на нови математички знаења и многу нови пријателства!

Проф. д-р Ирена Стојковска,
Раководител на ЕМШ2023