Теми на Есенската математичка школа 2023 и наградни учества

Драги ученици,

Темите на Есенската математичка школа 2023 наменета на ученици од 4 одделение до 9 одделение и ученици од I година до IV година, која ќе се реализира во месеците октомври и ноември 2023 на Природно- математичкиот факултет во Скопје се следните:

  • 4 одд.
    Броеви, Благица Милисова, професор по математика, ООУ „Браќа Миладиновци“, Пробиштип
    Програма: Собирање и одземање на природни броеви, дешифрирање на равенства. Множење и делење на природни броеви, дешифрирање на равенства. Редослед на операции. Низи од броеви, магични фигури. Римски броеви.
    Математички работилници, проф. д-р Слаѓана Јакимовиќ, проф. д-р Марија Михова, Благица Милисова, Ерблина Зеќири, (проф. д-р Ирена Стојковска)
  • 5 одд.
    Плоштина на многуаголници, проф. д-р Слаѓана Јакимовиќ, Институт за одделенска настава, Педагошки факултет, Скопје
    Програма: Поимот многуаголник и видови многуаголници. Поимот периметар и поимот плоштина на многуаголник. Плоштина на многуаголници во правоаголни мрежи. Изведување формули за плоштина на многуаголници со „сечење“ и движење во рамнината. Натпреварувачки задачи со плоштина на многуаголници.
    Математички работилници, проф. д-р Слаѓана Јакимовиќ, проф. д-р Марија Михова, Благица Милисова, Ерблина Зеќири, (проф. д-р Ирена Стојковска)
  • 6 одд.
    Мерки и мерење, проф. д-р Ирена Стојковска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    Програма: Мерки за маса. Мерки за зафатнина. Мерки за време. Мерки за должина. Периметар на квадрат, правоаголник и триаголник. Мерки за плоштина. Плоштина на квадрат, правоаголник и триаголник. Мерки за волумен. Плоштина и волумен на коцка и квадар. Мерки за големина на агол. Соседни, напоредни, накрсни, суплементни и комплементни агли. Агли во триаголник.
    Множества и релации, проф. д-р Петар Соколоски, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    Искази. Операции со искази. Множества. Операции со множества. Релации. Видови релации.
  • 7 одд.
    Алгебарски изрази, проф. д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева, Институт за математика и физика, Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје
    Програма: Рационални броеви и операции со нив. Бројни изрази со рационални броеви. Степен со показател природен број, операции со степени. Алгебарски изрази. Видови алгебарски изрази. Бројна вредност на алгебарски израз. Цели рационални изрази (полиноми). Операции со полиноми. Формули за скратено множење. Упростување на алгебарски изрази. Проблемски задачи со алгебарски изрази. Разложување полиноми на множители.
    Складност на триаголници, Петар Филиповски, професор по математика, ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“, Скопје
    Програма: Триаголник. Елементи на триаголник. Средна линија во триаголник. Значајни линии во триаголник. Признаци за складност на триаголници. Задачи од натпревари со складност на триаголници.
  • 8 одд.
    Конгруенции, проф. д-р Ѓорѓи Маркоски, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    Програма: Деливост во множеството цели броеви. Признаци за деливост. НЗД и НЗС. Систем на остатоци. Конгруенции.
    Круг и кружница, м-р Јасмина Маркоска, професор по математика, СУГС „Георги Димитров“, Скопје
    Програма: Дефиниции, заемен однос на права и кружница и две кружници. Централен и периферен агол. Талесова теорема. Периметар на кружница, должина на кружен лак, плоштина на круг и делови од кругот
  • 9 одд.
    Графови, проф. д-р Марија Михова, Институт за теориски основи на информатика и пресметковно инженерство, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Скопје
    Програма: Основни поими и теорема за ракување. Патишта во граф. Сврзаност на графови. Боење на графови. Избрани проблеми од графови.
    Авторски теореми од геометрија, проф. д-р Ѓорѓи Маркоски, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    Програма: Теореми на Талес, Питагора, Евклид. Задачи на Архимед и Аполониј. Формула на Херон. Теореми на Птоломеј и Менелај.
  • 1 и 2 год.
    Геометриски трансформации, Петар Филиповски, професор по математика, ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“, Скопје
    Програма: Транслација. Централна симетрија. Ротација. Осна симетрија. Хомотетија.
    Линеарно програмирање, проф. д-р Ирена Стојковска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    Програма: Линеарна функција. Тек и график на линеарна функција. Линеарна равенка. Систем линеарни равенки. Линеарна неравенка. Систем линеарни неравенки. Задача на линеарно програмирање. Графички метод за решавање на задача на линеарно програмирање. Моделирање на задачи на линеарно програмирање: производствена задача, задача на ранец, задача на исхрана, транспортна задача, отимален распоред на работна сила и др. Софтверско решавање на задачи на линеарно програмирање.
  • 3 и 4 год.
    Геометриско решавање на негеометриски задачи, м-р Јасмина Маркоска, професор по математика, СУГС „Георги Димитров“, Скопје
    Програма: Геометриски методи за решавање системи равенки, тригонометриски равенки, упростување изрази и одредување екстремни вредности на функции
    Функции и функционални равенки, проф. д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева, Институт за математика и физика, Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје
    Програма: Функција од една променлива, дефиниција, дефинициона област, множество вредности, график. Начини на задавање на функциите. Видови функции. Еднакви функции. Операции со функции. Композиција на функции. Нули на функција. Инверзна функција. Решавање функционални равенки.  Разни задачи со примена на функции

Повеќе информации за Есенската математичка школа 2023, датуми и термини на предавањата, пријавување учество и висина на котизацијата за учество, ќе најдете на следниот линк:
https://smm.org.mk/skoli/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2023/

Како и минатите години, така и оваа година, Сојузот на математичари на Македонија одлучи на следните ученици – добитници на прва награда на Државните натпревари по математика 2023, да им додели наградни учества на Есенската математичка школа 2023:

1 Панче Бансколиев ООУ „Маршал Тито“ с. Муртино, Струмица 7 одд.
2 Катја Бундалески ООУ „Љубен Лапе“, Аеродром, Скопје 7 одд.
3 Зоран Илијоски ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“, Кичево 7 одд.
4 Ања Левеска ОOУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, Центар, Скопје 7 одд.
5 Софија Петковска ООУ „Љубен Лапе“, Аеродром, Скопје 7 одд.
6 Ива Бухова ООУ „Петар Поп Арсов“ , Карпош, Скопје 7 одд.
7 Марија Стоименовска OОУ „Св. Кирил и Методиј“ , Македонска Каменица 7 одд.
8 Валентино Атанасоски ОOУ „Кочо Рацин“ , Центар, Скопје 8 одд.
9 Марин Цониќ ООУ „Браќа Миладиновци“ , Куманово 8 одд.
10 Дамјан Петровиќ ОOУ „Дане Крапчев“ Маџари, Гази Баба, Скопје 8 одд.
11 Ана Митровска OОУ „Кирил и Методиј“ , Велес 8 одд.
12 Борислав Василев ООУ „Сандо Масев“ , Струмица 8 одд.
13 Никола Стојковски ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром, Скопје 9 одд.
14 Кирил Атанасов ОOУ „11 Октомври“ , Центар, Скопје 9 одд.
15 Андреј Тасиќ ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром, Скопје 9 одд.
16 Ивано Божиновски Математичко информатичка гимназија, Скопје I год.
17 Андрија Младеновиќ Математичко информатичка гимназија, Скопје I год.
18 Петар Дамјаноски (ООУ „Димитар Миладинов“, Скопје) I год.
19 Дамјан Давков Математичко информатичка гимназија, Скопје II год.
20 Нина Ламева ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје II год.
21 Марко Серафимовски ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје II год.
22 Марко Митевски Математичко информатичка гимназија, Скопје II год.
23 Леонид Тодороски ПСУ „Јахја Кемал“, Струга II год.
24 Алексиј Тасиќ ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје III год.
25 Димитар Фидановски ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје III год.
26 Бранко Јангеловски ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје III год.
27 Никола Спировски ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје IV год.
28 Емилија Николовска Математичко информатичка гимназија, Скопје IV год.
29 Дрин Салиу ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје IV год.

Учениците кои имаат наградно учество на ЕМШ2023, ќе треба да го најават своето учество со пополнување на онлајн формата за пријавување учество која може да ја најдат на страната на школата https://smm.org.mk/skoli/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2023/.

Раководството на ЕМШ2023