Пријавување учество на Есенската математичка школа 2023

Драги ученици,

Сојузот на математичари на Македонија и оваа година во месеците октомври и ноември организира Есенска математичка школа за ученици од 4 одделение до 9 одделение од основно образование и ученици од I година до IV година од средно образование. Предавањата на школата се во саботите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Предавачи се универзитетски професори по математика и истакнати наставници по математика од основните и средните училишта. На школата ќе се обработуваат теми со кои учениците ќе имаат можност да ги прошират и продлабочат своите математички знаења и да се стекнат со нови математички вештини.

Ве повикуваме да се приклучите во работата на школата!

Повеќе информации за Есенската математичка школа 2023, термините на предавањата, висината на котизацијата и начинот на пријавување, ќе најдете на страницата на школата https://smm.org.mk/skoli/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2023/

Раководството на ЕМШ2023