Се одржа шестиот меморијален натпревар – АБЦ

Почитувани,

викендов во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, се одржа шестиот меморијален математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“.

Во прилог се неколку фотографии од настанот, задачите во категориите јуниори односно сениори и официјалните решенија со распределбата на поени.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Шести меморијален натпревар „Александар Блажевски-Цане“

Почитувани натпреварувачи,
Ве потсетуваме дека шестото издание на меморијалниот математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“ ќе се одржи претстоечкиот викенд, на 25-26 јануари 2025 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Поканетите учесници ги очекуваме пред факултетската зграда најдоцна до 9:30 часот. Почетокот е во 10 часот.

Во име на Комисијата за ММО и меѓународни натпревари за средно образование
Мирко Петрушевски

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

НОВОГОДИШЕН НАТПРЕВАР

Почитувани,

Во пресрет на одржувањето на Новогодишен електронски натпревар, би сакале да Ве информираме подетално за текот на натпреварот.

• Натпреварот ќе се одржи на 28.12.2024 (сабота). Поради големиот број на учесници, натпреварот ќе биде поделен во три групи. Натпреварот за учениците од 3-то одделение ќе започне во 10:00 часот, за учениците од 2-ро одделение во 10:30 часот, а за учениците од 1-во ќе започне во 11:00 часот.…

Прочитај повеќе

Излегоа од печат вторите броеви на Нумерус и Сигма

Почитувани,

излегоа од печат вторите броеви од математичките списанија за учениците од основните и средните училишта, Нумерус и Сигма.

Веќе започнавме со дистрибуција до претплатниците.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Шести меморијален натпревар „Александар Блажевски-Цане“

Почитувани натпреварувачи,
Ве известуваме дека шестото издание на меморијалниот математички натпревар во чест на
прерано починатиот голем македонски математичар Александар Блажевски – Цане ќе се одржи
на 25-26 јануари 2025 година.
Станува збор за натпреварување од олимписки формат: тестот се состои од шест задачи (по три во два натпреварувачки дена), за чие решавање се предвидени по 4 и пол саати дневно.…

Прочитај повеќе

Одговори на задачите од пробниот Новогодишен натпревар

Почитувани,

Во прилог се одговорите на задачите од пробниот Новогодишен натпревар:

Упатство за внесување на одговорите:

Во празните полиња на формата внесете го САМО крајниот одговор (природен број или 0).

Ве потсетуваме дека крајниот рок за пријавување е 25.12.2024 година.

Можете да се пријавите со пополнување на следнава форма:

ПРИЈАВА

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Излезе нов број на електронското списание за додатна настава „Диофант“

Почитувани,

Излезе првиот број од оваа учебна 2024/2025 година на електронското списание за додатна настава „Диофант“. Новиот број од списанието е објавен на страницата на списанието „Диофант“ на следниот линк. Списанието „Диофант“ е бесплатно и излегува повремено и по потреба.

Во овој број на списанието се содржани задачите за I, II и III одделение од првите пет години на реализација на електронскиот натпревар по математика „ПИ-ДЕН“ (2020-2024).…

Прочитај повеќе