Свечено доделување дипломи

Почитувани,

Ве известуваме дека во сабота на 1 јули 2023 година, со почеток од 15 часот, во Математичкиот амфитеатар на ПМФ ќе се одржи доделувањето на медали на освојувачите на следниве натпревари:

  • Трет натпревар Александар Блажевски Цане, одржан на 15 и 16 јануари 2022 година
  • Четврт натпревар Александар Блажевски Цане, одржан на 17 и 18 декември 2022 година
  • ММО 2022
  • ММО 2023
  • ЈММО 2022
  • ЈММО 2023

Ги покануваме сите освојувачи на медалите на овие натпревари на ова доделување
Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Изборно собрание на СММ

Почитувани,

Изборното собрание на СММ ќе се одржи на 3 јули 2023 год. (понеделник) со почеток во 13 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

На e-мail адресите на членовите кои имаат платено членарина и се пријавиле во формата

за членарина е испратена потврда за членарина за секоја година и покана за ова собрание.…

Прочитај повеќе

Конечни резултати од ЈММО 2023

Почитувани,

Во прилог се конечните резултати и распределбата на медали на ЈММО 2023.

Избрана e екипата што ќе ја претставува нашата земја на 27. Јуниорска Балканска Математичка Олимпијада:

·         Дамјан Давков, ученик во I година при Математичко информатичка гимназија, Скопје

·         Ивано Божиновски, ученик во IX одделение при ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром,  Скопје

·         Никола Стојковски, ученик во VIII одделение при ООУ „Ѓорѓија Пулевски“,  Аеродром, Скопје

·         Андрија Младеновиќ, ученик во IX одделение при ООУ„11 Октомври“,Центар, Скопје

·         Андреј Тасиќ, ученик во VIII одделение при ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром, Скопје

·         Јаков Геговски, ученик во VIII одделение при ОOУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, Центар, Скопје

Со нашите олимпијци ќе бидат:

·         Никола Велов, како лидер,

·         Петар Филиповски, како заменик лидер.…

Прочитај повеќе

Државен првак за шесто одделение

Почитувани,

на 9.06.2023 година, петок, на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа дополнително тестирање за избор на државен првак за шесто одделение. Во прилог се задачите кои ги решаваа учениците.

Државен првак за шесто одделение се прогласува ученичката Ива Бухова од ООУ „Петар Поп Арсов“, Скопје.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Информација за ЈММО 2023

Почитувани,

Ве известуваме дека Јуниорската македoнска математичка олимпијада (ЈММО) 2023 ќе се одржи на 9 јуни 2023 година со почеток во 10 часот во Хемискиот амфитеатар, ПМФ, долна зграда. 

На ЈММО се покануваат сите ученици кои имаат:
– прва награда во 7 одделение, 
– прва или втора награда во 8 одделение, 
– прва, втора или трета награда во 9 одделение. …

Прочитај повеќе

Екипа за ИMO 2023

Почитувани,

Во прилог се збирно конечните резултати од ММО 2023, изборните тестови за БМО 2023 и ИМО 2023, и бонус поените од БМО, согласно кои македонската екипа за овогодинешната меѓународна олимпијада е:


МКД 1 Дамјан Давков
МКД 2 Алексиј Тасиќ
МКД 3 Никола Спировски
МКД 4 Никола Цветаноски
МКД 5 Јан Стојановски
МКД 6 Бранко Јангеловски

Им посакуваме успех!…

Прочитај повеќе

Изборен тест за ИМО

Почитувани,

викендов (20-21.5) се одржа изборниот тест за формирање екипа која ќе нé претставува на ИМО 2023 (https://imo2023.jp/en/).

Во прилог се задачите кои натпреварувачите ги решаваa вчера и денес во период од по 4.5 саати на Природно-математичкиот факултет во Скопје:

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Конечни резултати од Државниот натпревар за основно образование

Почитувани,

конечните резултати од државниот натпревар по математика за учениците од основното образование, по одделенија се следните:

Државни прваци по одделенија се:
7 одд – Валентино Атанасоски, ОOУ „Кочо Рацин“ , Центар, Скопје
8 одд – Никола Стојковски, ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром, Скопје 
9 одд – Ивано Божиновски, ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром, Скопје

Државниот првак за шесто одделение ќе се одреди по дополнителното тестирање на учениците кои имаат освоено по 100 поени на државниот натпревар.…

Прочитај повеќе

Трето-дополнето соопштение за Седмиот македонски математички конгрес

Почитувани колеги,

Ни претставува посебно задоволство да Ве поканиме на VII Македонски математички конгрес, во организација на Сојузот на математичарите на Македонија. 

Конгресот ќе се одржи во Хотел Дрим, Струга, во периодот 27 –30 јуни, 2023 година.

Ова е одлична можност за истражувачи од различни области на математиката да дискутираат за напредокот во науката, да споделуваат идеи и да ја промовираат меѓународната соработка.…

Прочитај повеќе