На 16 септември 2019 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје, претставниците на Друштвото на физичарите на Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на математичарите на Македонија (СММ) и Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), кои се акредитирани од МОН за натпревари за учениците од основните и средните училишта по предметите физика, хемија, биологија, природни науки, математика и информатика утврдија заеднички календар за натпреварите за учебната 2019/20 година.…
Прочитај повеќеКатегорија: Натпревари
Претседатели на комисии
На состанокот на УО од 19.08.2019 избрани се следните претседатели на комисии:
Д-р Анета Гацовска-Барандовска, доцент на Институтот по математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, за претседател на комисијата за задачи за натпревари (заклучно со државниот натпревар) за средно образование
Контакт: agacovska@gmail.com
Трајче Ѓорѓијевски, советник по математика, раководител на одделението за наставни планови и програми при БРО, за претседател на комисијата за задачи за натпревари (заклучно со државниот натпревар) за основно образование
Контакт: tgorgijevski@yahoo.com
Д-р Мирко Петрушевски, доцент на Машинскиот факултет во Скопје, за претседател на комисијата за Македонска математичка олимпијада и за меѓународни натпревари за средно образование
Контакт: mirko.petrushevski@gmail.com
Д-р Делчо Лешковски, доцент на Интернационалниот балкански универзитет во Скопје, за претседател на комисијата за Македонска математичка олимпијада за учениците до 15,5 години и меѓународни натпревари за учениците до 15,5 години
Контакт: dleskovski@gmail.com …
ИМО 2019
ИМО-Интернационалната математичка олимпијада е најпрестижниот математички натпревар во светски рамки.
Сите податоци околу резултатите, освоените медали, задачите и решенијата на досегашните олимпијади може да ги најдете овде.
Во тек е 60-тата ИМО која се одржува во Велика Британија. Во исчекување на резултатите, сите дополнителни информации се овде.…
Прочитај повеќе